Претседателот Александар Даштевски појасни дека врз основа на тоа што го видел од извештајот на Комисијата за јавни набавки, оваа компанија ги исполнила условите, имала најдобра понуда, и најдобри апарати, а рокот за достава на опремата е до септември.

Објавил: Владо Марин | 17 јули, 2021 15:43

Компанијата „Дермалог“ е избрана за набавка на терминали за отпечатоци од прсти

Фото/Текст извор: ©kanal 5

Од пријавени четири компании, Државната изборна комисија од германската „Дермалог“  ќе го набави Системот за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст.

Изборот на компанијата бил направен вчера од кога почна да тече десетдневниот рок за поднесување на жалби.

Претседателот Александар Даштевски појасни дека врз основа на тоа што го видел од извештајот на Комисијата за јавни набавки, оваа компанија ги исполнила условите, имала најдобра понуда, и најдобри апарати, а рокот за достава на опремата е до септември.

Тој кажа дека ова е доволно време за да се извршат обуките пред локалните избори во октомври.

Рокот за достава на техничката опрема е 60 дена што значи дека ако постапката трае 10 дена имаме време до крајот на септември да стигне опремата кај нас. Испораката ќе биде на два пати. Првиот пат ќе биде околу пет отсто, некаде околу 200 апарати на кои ќе биде извршена обуката. И после тоа остатокот само да се наполни, за што ќе треба неколку дена.вели Александар Даштевски – Претседателот на Државната изборна комисија.

Во однос на правилата за чувањето и дистрибуцијата на опремата и останатите детали, претседателот на ДИК беше воздржан и посочи дека би почекал да заврши постапката за жалби, а потоа покрај правилата предвидени во Законот, ДИК ќе донесе и Уредба. Даштевски гарантира дека податоците на граѓаните нема да бидат злоупотребени.

Гаранциите се предвидени во тендерот и може да се прочитаат во постапката за спецификацијата, податоците ќе се внесат од страна на МВР и после ќе се вратат назад, така што не може да бидат злоупотребени, ние не купуваме компанија туку опрема, таа е во наша сопственост.“вели Александар Даштевски – Претседателот на Државната изборна комисија.

ДИК веќе направила стратегија во која се предвидени сите мерки за заштита од пад на системот, како на минатите предвремени парламентарни избори. Во моментов се врши јавна набавка за Апликација за текот на гласањето и за првичните неофицијални резултати. Локалните избори се очекува да бидат распишани од собранискиот спикер Џафери во август, а да се одржат во втората половина на октомври.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Двајцата соговорници истакнаа подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија.

Мицкоски заедно со Николоски и Стоилковиќ остварија средба со претседателот на Република Србија и лидер на СНС Вучиќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денес во Белград, заедно со...

ованчев додаде дека и во земјите во регионот имаше корона вирус, но властите таму подобро се справуваа и со вирусот и со економијата.
„Таму во регионот имаше одговорни влади кои што работеа и се грижеа за стопанството, за економијата, за граѓаните.

Јованчев до СДСМ: Поради вашата неспособност Македонија бележи најлош економски резултат споредбено со земјите од регионот

„Република Македонија е со негативна стапка на раст од -4.5% во 2020-тата година, и беше...

Според судот тие го загрозиле уставниот поредок, предизвикале чувство на несигурност кај граѓаните и го нарушиле угледот на земјава.

Шест и пол години за Велјановски, 6,3 за Јанакиески и Ристовски, 6 години за Атанасовски

Судот ги прогласи за виновни за организирање на настаните од 27 април во Собранието...