Според објавените резултати, актуелниот претседател Александар Вучиќ освоил најмногу, односно 58, 59 отсто од гласовите или 2 157 008 гласови, а ова е целосната прелиминарна листа која ја објави РИК, а пренесоа српските медиуми:

Објавил: Мартин Попоски | 5 април, 2022 6:59

КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Вучиќ доби 58,59 отсто од гласовите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Републичката изборна комисија (РИК) ги објави прелиминарните резултатите од парламентарните избори во Србија врз основа на 100 отсто од обработените гласачки ливчиња, а излзноста на изборите според ова е 58,65 отсто од запишаните избирачи, јави дописникот на МИА од Белград.

Според објавените резултати, актуелниот претседател Александар Вучиќ освоил најмногу, односно 58, 59 отсто од гласовите или 2 157 008 гласови, а ова е целосната прелиминарна листа која ја објави РИК, а пренесоа српските медиуми:

Александар Вучиќ, кандидат на коалицијата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се” – 58,59 отсто – 2.157.008 гласови

Здравко Понош, кандидат на коалицијата „Обединети за победа на Србија” – 18,32 отсто – 674.567 гласови

Милош Јовановиќ, кандидат на коалицијата „Нада” – 5,97 отсто – 219 970 гласови

Бошко Обрадовиќ, кандидат на коалицијата „Патриотски блок” – 4,38 отсто – 161 212 гласови

Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, кандидат на „Српската партија Заветници” – 4,25 отсто – 156 635 гласови

Билјана Стојковиќ, кандидат на коалицијата „Мораме” – 3,20 отсто – 117 784 гласови

Бранка Стаменковиќ, кандидат на коалицијата „Суверенисти” – 2,03 отсто – 740 866 гласови

Миша Вациќ, кандидат на групата граѓани „Српски патриот – Миша Вациќ” – 0,87 проценти – 32.074 гласови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

„Србија ќе треба да одлучи како и на кој начин ќе функционира во иднина. Што се однесува до партијата што ја водам, не се сомневам дека ќе се разговара за сите политички фактори, бидејќи нè очекуваат тешки времиња. За оние на кои се им е лесно во кампањата, сигурно нема да има место во Владата. Тоа се однесува на Владата на Република Србија и градската власт“.

Тој ги објави и резултатите на СНС за парламентарните избори.

„Имаме попрецизни податоци и избори од Косово и Метохија, најголем дел имаме и од странство. Списокот Заедно можеме се освои 44% од гласовите, листата За обединета Србија 13,6, листата Ивица Дачиќ 11,4, Милош Јовановиќ 5,3, Мора 4,7 и 3,8 Заветници и Двери“, рече Вучиќ и се осврна на резултатите од претседателските избори.

Вучиќ со рекордна победа: “Продолжуваме да работиме за Србија”

„Успеав да направам нешто што никој во Србија досега не успеал да го направи. Јас сум...

Новинарот Саша Миловановиќ од српски Телеграф во емисијата на ТВ Пинк изјави дека, според неговите неофицијални информации, Александар Вучиќ освоил 61 отсто од 25 отсто од обработените примероци!

Вучиќ со рекордно водство на изборите во Србија: Објавени првите неофицијални резултати

Објавени се и првите неофицијални изборни резултати врз основа на 25 отсто од обработените...