И по долги години јавноста се уште чита разни наслови поврзани со животот и смртта на Маршалот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јуни, 2019 17:12

Конечно вистината излезе на виделина: Еве која е причината поради што нема петокрака на гробот на ТИТО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Доживотниот претседател на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, или познат како Маршалот, и по смртта остана контроверзна личност, односно неговиот живот, е актуелен и до ден денес.

И по долги години јавноста се уште чита разни наслови поврзани со животот и смртта на Маршалот.

Така на пример многу мистериозно но и интереснно за јавноста е тоа што на гробот во кој е закопан Маршалот нема петокрака, која е симбол за неговото владеење. Тито долги години  војувал и владеел со овој симбол.

Гробот во кој е закопан Јосип Броз Тито

Според една теорија, ваквата желба била на инженерот Драгомир Гавриловиќ, кој во тоа време бил воодушевен и им се восхитувал на едноставните надгробни плочи во Англија, па сметал дека токму таква треба да биде и онаа на гробот на Тито. Тој предводејќи се од тоа што на гробот на големиот Вилијам Шекспиор стојат испишани само годините на раѓањето и смртта, покрај името и презимето решил и за Јосип Броз Тито да стави натпис во таков стил. 

Според една друга теорија раскажана од Јосип Јошко Броз, за порталот znet.hr: петокраката била заборавена.

“Затоа што поради грешка при погребот кога била правена првата варијанта не била ставена плоча, туку била од два дела како кутија пресечена на половина. А потоа не можело да се стави петокраката, бидејќи ќе седела на средина и ќе била искривена. После тоа сосема се заборавило на тоа”.

Според третата теорија наводно Тито бил таен верник. Жарко Петан, словенечкиот книжевник тврди дека всушност Маршалот непосредно пред смртта побарал свештеник.

“Додека Јосип Броз лежел во љубљанскиот Клинички центар”, пишува Петан, “во февруари 1980-та година, посакал да разговара со свештеник! Задачата црквата му ја доделила на Франчек Крижник, тогаш познат и како јавен противник на атеизмот. Крижник го прифатил повикот од Клиничкиот центар, но безбедносната служба на чуварите на Тито не му дозволила приод. Кога Броз ја повторил желбата, свештеникот дошол и долго разговарал со Тито. Наскоро, во март, Крижник отишол на студиско патување во Германија, каде на 28-ми март загинал под нејасни околности, под тркала на камион во Дизелдорф. Очигледно приказната за состанокот припадниците на КОС сакале да ја прикријат”, заклучил Петан.

Извор: Точка.мк

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Тој рече дека од Косово чекаат многу тешки работи, на есен и она што треба да го направат е најпрво да се посветат на економијата, потенцирајќи дека треба да се работи понапорно, граѓаните да бидат поисцрпни, за да може да се преживее.

ВУЧИЌ: Ветувам, Србија ќе има подобри резултати од останатите држави!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вети и покрај тешките работи што ја очекуваат...

Имено тој пред неколку дена во своето гостување на ТВ Прва истакна дека луѓето не треба да паничат и непотребно да се тестираат затоа што создаваат ризик да се заразат.

НЕСТОРОВИЌ: ДУРИ И ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУС НЕ Е СЕКОГАШ ПОКАЗАТЕЛ ДАЛИ СТЕ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД 19!

Уште од самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, познатиот Српски пулмолог Бранимир...

За разлика од ситуацијата во текот на март и април, кога таквите пациенти спорадично се пријавиле на лекар, сега има повеќе од нив со потешка клиничка слика. Соговорниците за Курир посочуваат дека сите деца се добро, додека бремените жени успешно се породуваат и се во стабилна здравствена состојба.

АЛАРМАНТНО: Коронавирусот се повеќе ги напаѓа децата и бремените жени!

Вкупно околу 45 бебиња се лекуваат во Белград и Ниш, вклучувајќи новороденчиња. Коронавирусот...

Според телевизијата Star.gr, туристите дошле во Грција во саботата во група од 80 лица, а вчера мажот покажал симптоми што му се припишуваат на Ковид 19.

ОТИШЛЕ ВО ГРЦИЈА НА ОДМОР ПА ПОРАДИ КОРОНА ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА: Брачен пар од Србија на лечење, останатите патници во карантин!

Брачна двојка од Србија, која замина на одмор на грчкиот остров Евија, во моментот се...