Спорт
Формула
Добри вести пристигнаа за фановите на некогашниот број еден возач на Формула 1 Михаил Шумахер. Убавата вест денеска ја соопшти Жан Тод, поранешниот шеф на Ферари кој истакна дека порано или подоцна тој ќе се опорави.

-Го видов Мајкл минатата недела. Тој се бори, изјави поранешниот шеф на Ферари за новинската агенција „ПА“.
Уште од денот на несреќата, семејството ја крие состојбата на Шумахер, далеку од очите на јавноста, но сепак Тод е еден од ретките луѓе што сопругата на Шумахер, Корина дозволува да се приближи на нејзиниот сопруг.
-Она што можам да го сторам е да останам близу до нив и да им помагам кога ќе им требам, изјави поранешниот шеф на Ферари.
Тој последен пат зборуваше за Шумахер во јули, кога за медиумите изјави дека се надева дека „светот ќе има можност повторно да го види Михаел“.
-На тоа се стремат тој и неговото семејство, рече Тод.
Минатата година во јавноста излезе веста дека Шумахер наводно, бил подложен на терапија со матични клетки во Париз во 2019 година и продолжува да се лекува дома.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Формула
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.