СЗО во понеделникот објави дека и натаму Северна и Јужна Америка се региони најтешко погодени од пандемијата, со половина од новозаразените над 1,7 милиони и 62 проценти од 39.240 смртни случаи потврдени минатата недела,како на последица на Ковид-19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 август, 2020 10:03

КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ ОД СЗО: Опаѓа растот на нови случаи на Ковид-19 во светот

Фото/Текст извор: ©Република.мк

Вчера СЗО конечно соопшти добра вест во врска со пандемијата кија владее во светот. Имено од таму посочуваат дека иако сè уште се шири вирусот Ковид 19 сепак зголемувањето на бројот на нови инфекции и смртни случаи е забавено на глобално ниво.

Во извештајот од Светската здравствена организација (СЗО), се наведува дека Исклучок се Југоисточна Азија и Источниот Медитеран.

СЗО во понеделникот објави дека и натаму Северна и Јужна Америка се региони најтешко погодени од пандемијата, со половина од новозаразените над 1,7 милиони и 62 проценти од 39.240 смртни случаи потврдени минатата недела,како на последица на Ковид-19.

Во текот на минатата недела, бројот на заразени лица опаднал за четири проценти во однос на претходната недела, додека бројот на мртви се намалил за 12 проценти.

Југоисточна Азија, втора во светот во однос на сериозноста на епидемиолошката состојба, објави зголемување на бројот на новозаразени за 28 проценти, додека бројот на починати од корона вирусот се зголемил за 15 проценти.

Бројот на заболени од Ковид-19 во источниот медитерански регион исто така е зголемен за четири проценти, додека бројот на смртни случаи како резултат на оваа болест постојано се намалува во последните шест недели.

Минатата недела имало осум до единаесет проценти помалку нови инфекции и смртни случаи од коронавирус во Африка.

Во Европската Унија, бројот на нови пријавени случаи на Ковид-19 постојано се зголемува во последните три недели.

Во текот на минатата недела, бројката само малку се зголемила, за еден процент, додека бројот на смртни случаи продолжува да расте.

Регионот на Западен Пацифик бележи пад од пет проценти на нови инфекции.

Според статистичките податоци на Ројтерс, над 23,65 милиони луѓе во светот досега биле заразени со корона вирусот, додека 811.895 пациенти починале како резултат на болеста предизвикана од него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Актуелниот претседател Доналд Трамп, кој според анкетите на јавното мислење е послаб од Бајден, исто така сака идната вакцина против вирусот, која би можела да биде готова во наредните недели, да биде бесплатна.

БАЈДЕН ветува кули и градови: Вакцината за короната ќе биде БЕСПЛАТНА за сите

Демократскиот кандидат за претседателските избори во САД, Џо Бајден, денес вети дека,...