Ахмети наскоро на распит во СЈО за случајот „Попис“?

Објавил: Сања Кукиќ | 17 март, 2019 13:54

Конечно и Ахмети во СЈО !

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Ќе одговара ли конечно лидерот на интегративците Али Ахмети во случајот ,,Попис”  на СЈО. Ќе излезе ли на виделина зошто се прекина пописот во 2011 година?

Истрагата за случајот на СЈО „Попис“, во кој осомничени се екс премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сѐ уште тече, односно во моментот се чека да се изготви економско финансиско вештачење.

Груевски и Ахмети го оштетиле буџетот за 175.123.909 денари или околу три милиони евра. Фетаи вели дека причините наведени да се прекине пописот со закон, всушност биле причини за одложување на попишувањето, а тоа да се изврши кога ќе се подобрат условите

Овој податок се открива од најновиот извештај на Специјалното јавно обвинителство.

„Во насока на утврдување на вкупниот износ на парични средства кои се издвоени од Буџетот на Р.Македонија за спроведување на попис на населението, домаќинствата и становите во Р. Македонија во 2011 година, ова јавно обвинителство на 25.01.2019 година донесе наредба за економско финансиско вештачење, кое се уште не е изготвено, стои во извештајот.

По изготвувањето на вештачењето, ќе биде познато дали СЈО ќе поднесе обвинение за овој случај, бидејќи ова е еден од доказите кој недостасува, а досега СЈО извршило распит на неколку сведоци. Потоа ќе следува и распит на Ахмети во СЈО.

Според прислушуваните разговори постои основано сомневање дека двајцата тогашни коалициони партнери во октомври 2011 ја злоупотребиле службената положба и овластување за да го прекинат започнатиот попис. Сепак доколку стапи на сила новото законско решение за овој случај „бомбите“ нема да можат да се користат како доказ, поради што постои опасност да не се докаже вината на Груевски и Ахмети. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во 2017 Заев: Ова е политичка манипулација од страна на нашиот политички опонент којшто сака да го дефокусира вниманието . 2019 Македонија има план – на бегалците им нуди домување, образование, вработување.

Зоран Заев со нов план за живот, мигрантите се на пат, се чека само погоден момент?

Националната телевизија Алфа со прашање до владата: Дали последните препораки од американската...