
Свет
Иновација
Најдобриот исплатлив автомобил за 2020 година, новата Opel Corsa, пристигна во Македонија.

Ја дочекаа љубителите на марката кои имаа можност да се запознаат со адутите со кои таа ја освои AutoBest титулата. А нив ги има многу, посебно оние задолжени за безбедноста.
Се издвојуваат системите за предупредување за судир со автоматско сопирање при итни случаи и детектирање на пешаците, интелигентната контрола на брзината, предупредување за менување од лента, препознавање на сообраќајните знаци и други.
Вистински белег се прилагодливите IntelliLux LED матрикс светла, кои Opel за прв пат ги нуди во сегментот на мали автомобили. За динамиката и економичноста е задолжена широка палета бензински и дизел мотори со моќност од 75 до 130 коњски сили, а севкупниот впечаток го заокружува осумстепениот автоматски менувач.
Corsa од идната година ќе биде достапна и во електричната верзија, која ќе има автономија од 337 километри. Со неа таа како и сите претходни генерации ги потврдува напорите на инженерите на Opel да се понуди практичен автомобил ориентиран кон иднината, и тоа по доста атрактивна цена – 12.920 евра во Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.