Огласи
Разно
Државниот завод за статистика објави Конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори кои ќе го спроведат теренското попишување на целата територија на државата, кој ќе биде отворен до 5 август.
Од Државниот завод за статистика информираат дека интензивно се подготвуваат за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, што ќе се спроведе од 5 до 30 септември годинава.
– Оваа статистичка операција претставува извонредна можност за сите невработени да станат дел од огромниот тим кој ќе ја спроведе најмасовната статистичка операција во државата која е од непроценливо значење за секој еден од нас. Затоа, ги повикуваме сите оние кои ги исполнуваат условите, да се пријават на конкурсот и да дадат свој придонес во реализацијата на оваа долгоочекувана статистичка операција, посочуваат од ДЗС.
Пријавувањето на конкурсот се врши електронски преку апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk и трае до 5 август.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Разно
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.