Во Охрид ќе се одржи конференција по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“.

Објавил: Владо Марин | 25 јуни, 2021 12:43

Конференцијата по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“ во Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Конференцијата по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“ во Охрид!

Во рамки на регионалниот форум организиран од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) во партнерство со Секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција (РАИ) и во соработка со Владата на Република Македонија преку Министерството за внатрешни работи и Кабинетот на заменикот на претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, човечки ресурси и одржлив развој, денеска во Охрид ќе се одржи конференција по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“.

 

На отворањето на конференцијата ќе се обратат заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Бојан Маричиќ, Шемши Салаи член на Државната Комисија за спречување на корупција, Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство, Анке Холштајн, амбасадорка на Германија, Aлександре Шмит, регионален претставник на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC) и Десислава Гоцкова, шефица на Секретаријатот, Регионална иницијатива против корупција (RAI).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Иновации

Се надеваме дека овој саморегулаторен инструмент ќе ги мотивира онлајн медиумите да ги опфатат вредностите на професионалното и одговорното новинарство во својата работа“, рече Тунева.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Советот за етика во медиумите ги објавија првите Насоки за етичко известување на онлајн медиумите во Македонија

Со цел да се подобрат професионалните стандарди на онлајн медиумите, Мисијата на ОБСЕ...

Автоматизираниот комплекс лоциран на земја сега спроведува до две илјади контролни сесии секој ден.

Русија развива систем за управување на илјадници сателити: Виртуелен супер компјутер ќе ја контролира и сервисира целата мрежа!

Холдингот „Руски вселенски системи“ објави дека во моментов работи на создавање...