„Ве толерирам, преќутувам, за да не дојде до сцена, ама вие двајца си правите муабет, наместо испитување“, им вели судијката Васка Николовска Масевска.

Објавил: Весна Петровска | 10 декември, 2019 14:00

КОНФЛИКТ ВО СУДНИЦАТА: Боки до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Атмосферата за време на судењето за случајот „Рекет“ е се по тензична. Бојан Јовановски кој е првоосомничениот во овој случај изјави дека му се смачи од тоа што не му дозволуваат судиите да го каже својот исказ, па се обрати до судот.

„Аман бе луѓе ништо не ми дозволувате, осудете ме и да си одиме“.

Инаку денеска продолжи рочиштето за „Рекет“ каде сведок е сопругата на бизнисменот Јордан Камчев, Ана. Таа пред судиите изјави за обвинителката Лиле Стефановска дека каде и да одела низ судот ја покажувала својата моќ, исто така изјави дек Катица Јанева лично не барала пари, туку се одело преку првоосомничениот Бојан Јовановски.

Бојан Јовановски – Боки 13 во судницата го испитува сведокот Ана Камчева, а двајцата доаѓаат во конфликт па судијката ги опоменува да се смират, пренесува Вечер.

„Ве толерирам, преќутувам, за да не дојде до сцена, ама вие двајца си правите муабет, наместо испитување“, им вели судијката Васка Николовска Масевска.

„Какви беа нашите средби“, ја праша Јовановски Камчева на што таа рече дека не се сеќава.

„Како што можев да видам вака памтењето добро ве служи така да ајде, кажете“, и рече Јовановски на Камчева.

Тој ја праша и дали нејзините средби со директорот на поранешната УБК Горан Николовски се одвивале во просториите на УБК, на што Камчева одговори “не”.

„Две средби имав, по мое барање беа надвор од МВР зошто таму беше Ременски и ми беше страв дека се ќе биде пренесено”, рече таа.

Дали се сеќавате на вечерите организирани во вашата велелепна палата, беше едно од прашањата што Јовановски и го постави на Камчева.

„Дали се сеќавате дека подготвувавте посебни вечери за мене, продолжува тој, но овие прашања не му се дозволени.

Тој го нарекува сопругот на Камчева, бизнисменот Орце Камчев “вашиот сакан и чесен сопруг”, а судијката повторно го прекорува дека дава квалификации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Оние работи што ги истражувавме денеска укажаа на тоа дека многу наши граѓани кои имаат и друго државјанство брзале да се вратат за да не ги изгубат своите работни места, па во земјите во кои влегуваат ги користат тамошните пасоши.

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство,...

Пандемијата ги погоди речиси сите бизниси, но според членовите на Асоцијацијата, Владата различно ги третира државните и приватните установи за згрижување деца иако тие реализираат иста дејност и одговараат пред ист Закон.

Од приватните градинки алармираат дека ќе отпуштат 600 работници ако не добијат помош од државата

Стотици згрижувачки и друг персонал од приватните градинки ќе остане без работа, илјадници...

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари.

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 245 ВОЗИЛА

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците...