Универзална сала беше прекрстена во Конгресен центар Александар Македонски во јануари 2015

Објавил: Данаил Михајловски | 4 октомври, 2018 16:20

Концертната сала „Александар Македонски’ повторно ќе се вика Универзална сала

Фото/Текст извор: ©сдк

Концертнатасала во Скопје повторно ќе се вика Универзална сала, а не Конгресен центар Александар Македонски. Новиот управен одбор, назначен по доаѓањето на функцијата на градоначалникот Петре Шилегов, донел одлука да се врати старото име Универзална сала, бидејќи тоа е еден од симболите на Скопје и по тоа има концертната сала е препознатлива, пишува СДК.

Од кабинетот на градоначалникот Шилегов ни изјавија дека одлуката ќе биде ставена на дневен ред на наредната седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи на 10 октомври.

Универзална сала беше прекрстена во Конгресен центар Александар Македонски во јануари 2015, додека градоначалник беше Коце Трајановски.

Универзална сала веќе две и пол години е затворена за посетители. Градоначалникот Шилегов во мај најави дека изградбата на новата концертна сала ќе почне вгодина. На 15 мај Шилегов и тогашниот министерот за култура Роберт Алаѓозовски потпишаа договор заеднички да се финансира реновирањето, а проектот допрва ќе се прави и избира. Како што кажа Шилегов, во Градот постојат три проекти но ниту еден од нив не бил соодветен и во наредниот период ќе се доразработуваат за да се избере најсоодветно решение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.