
Култура
Концерти
КОНЦЕРТ НА ГРАДСКИ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР!
По повод 11 октомври – Денот на народното востание, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи параден концерт во центарот на Скопје.
Парадниот концерт ќе се одржи денеска со почеток од 17:30 часот.
Маршутата на движење ќе се одвива од бикот на улица Македонија кон плоштад Македонија.
Исто така Градскиот дувачки оркестар по повод државниот празник Денот на независноста одржаа параден/маршовски концерт во центарот на Скопје.
Маршутата на движење на оркестарот кој го започна маршот во 18 часот се одвиваше од Музејот на Град Скопје кон плоштад Македонија, по улица Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.