петок, 23 февруари 2024

MK/ EN/ DE



Во депото на судот, според локалните медиуми, имало повеќе од девет тони дрога, 400 парчиња оружје, муниција, експлозиви и документи.

Објавил: Македонка Димкин | 14 септември, 2023 10:44

Копале тунел од стан до судот во Црна Гора

Фото/Текст извор: ©Подгорица

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека шест лица се осомничени дека ископале тунел под Вишиот суд, а возилото кое го користеле за обивање на судското депо е пронајдено.

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека шест лица се осомничени дека ископале тунел под Вишиот суд, а возилото кое го користеле за обивање на судското депо е пронајдено.

Неверојатно е дека Вишиот суд не можел да постави камера во депото, чини околу сто евра, мислам, да има видео надзор. Депото изгледа како од рубриката Верувате или не. Архивата во Врховното обвинителство изгледа исто, голем институционален проблем“, изјави Абазовиќ за РТЦГ.

 

Депото на Вишиот суд во Подгорица е урнато и до него е ископан тунел, чиј почеток е во стан на соседна зграда, што се наоѓа спроти споредната зграда на судот, во центарот на Подгорица.

Зградата на Вишиот суд беше во реконструкција во последните месеци, а тој дел од Подгорица е вмрежен со тунели од претходниот период. Во депото биле чувани документи од истраги, материјали одземени при увид и значително количество дрога запленета при полициски акции. Тунелот го откриле судски службеници кога почувствувале провев.

Бирото за оперативна координација на органите на разузнавачкиот и безбедносниот сектор (БОК) денеска соопшти дека ова е најопасниот напад врз државните институции и правосудниот систем.

 

Во депото на судот, според локалните медиуми, имало повеќе од девет тони дрога, 400 парчиња оружје, муниција, експлозиви и документи.

Иако Подгорица е поврзана со подземни тунели, за да стигнат до просториите на судот, сторителите морале да ископаат и да пробијат ѕидови со дебелина од 70 до 80 сантиметри, изјави претседателот на Вишиот суд Борис Савиќ.

– Имаме сомневање дека целта бил лесен пристап до судот и до притворската соба, бидејќи се наоѓа во непосредна близина на просторијата за притвор, рече Савиќ. Тој ги демантираше информациите дека недостасува некој од документите во депото на судот.

Но, со тоа не се согласува шефот на црногорската полициска управа, Никола Терзиќ.

– За разлика од претседателот на Вишиот суд, кој рече дека речиси ниту еден доказ од депото не недостасува, мислам дека никој не вложил толку труд и напор заради рекреација, иако би сакал да е во право, а јас да грешам. Стравувам дека вистината ќе биде поинаква, рече Терзиќ.

Тој потенцираше дека полицијата прави се за да го расветли овој случај.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Нема мртви и повредени на сплавот „Картел“, кој почна да тоне нешто по полноќ кога на него се наоѓаа стотина млади луѓе, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби во Србија, Лука Чаушиќ.

Потона сплав во Белград на него немало Македонци!

Потона сплавот „Картел“ на кејот Сава во Белград, додека на него се забавувале стотина...

Доктор Бранимир Несторовиќ, кој беше носител на листата „Д-р Бранимир Несторовиќ – Ние, гласот на народот“, очигледно ќе биде тој што ќе одлучи кој ќе коалицира во Белград.

Бранимир Несторовиќ, најголемото изненадување на изборите во Србија

Доктор Бранимир Несторовиќ, кој беше носител на листата „Д-р Бранимир Несторовиќ –...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.