Слично постапија туроператори од Белгија, Турција и други земји поради што очекувањата за шпицот на сезоната се далеку поскромни од предвиденото.

Објавил: Владо Марин | 12 јули, 2021 6:37

„Корендон“ ги откажа аранжманите за летната туристичка сезона во Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19 се уште силно се одразува на туризмот. Охрид кој по извонредната 2019 година и одличните најави за годината потоа, од туристичка дестинација со исклучителен квалитативен раст, се врати на нивото од пред една деценија кога странските туристи во значително помал број ја посетуваа ривиерата.

И покрај најавите за постепено враќање на странските туристи во Охрид, особено на тие од Холандија, тоа нема да се случи, не барем во очекуваниот обем. Имено холандскиот туроператор „Корендон“ преку кој на охридско-струшкото крајбрежје доаѓаа најголемиот број туристи од таа земја ги откажа аранжманите за летната туристичка сезона.

Слично постапија туроператори од Белгија, Турција и други земји поради што очекувањата за шпицот на сезоната се далеку поскромни од предвиденото.

Иако за 19-ти јули е најавено доаѓање на холандски туристи преку друг туроператор, бројот на гостите ќе биде минимален споредено со периодот пред коронакризата.

Во моментов од Полска има два чартер лета неделно, но по одлуката на тамошните власти за воведување на карантин при враќање дома состојбата се усложнува. Македонските туроператори сметаат дека сето ова е резултат на задоцнетата комуникација и координација на инстититуциите со најзначајните туроператори од странство.

Би сакал да потенцирам дека значаен исчекор не се направи во насока на отстранување на бирократските процедури со правилникот за субвенции. Коморите и здруженијата на ова апелираат веќе подолго време. Ова мора час поскоро да се направи за да испратиме јасна порака на туроператорите дека Македонија подготвено може да ја дочека 2022. – вели во изјава за националниот сервис Асим Меѓедовиќ – генерален менаџер на македонски туроператор.

Шпицот на сезоната се очекува да почне на 15-ти јули и овојпат како и лани хотелиерите ќе се потпрат на домашните и туристите од соседните држави. Но, неизвесноста со која се соочуваат охридските туристички работници оваа година ќе биде поголема поради тоа што голем број од домашните туристи кои минатата година поради коронакризата беа во Охрид сега ќе отпатуваат во странство.

OhridNews

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од туризам

Со оглед на тоа дека данокот на имот е општински данок, Советот на Град Скопје, односно на општините, самостојно носат одлуки за даночната стапка во рамките на законот, или пак со одлука, поради кризна состојба ја одложуваат примената на регулативата.

За празен стан во Охрид ќе се плаќа троен данок

Измените на Законот за данок на имот со кои има тројно оданочување на стан во кој не...

Проекциите и очекувањата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот се дека до крајот на тековната година ќе бидат остварени стратешки планираните некаде до 2,2 милиони ноќевања, што е на нивото на 2015 година!

Јаневски: Очекуваме наредната година да бидат остварени 2,5 милиони ноќевања

Туризмот како дејност генерално е меѓу најсериозно засегнатите стопански гранки од...

Во исто време бројот на ноќевања е зголемен за 46,6%. Во првите седум месеци годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања.

Бројот на туристи зголемен за 56,6% за седум месеци, мерките даваат резултат, туризмот се враќа во нормала, велат од владата

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа...