Македонија
Вести
Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека на седница на Владата ќе достави предлог за откажување на сите големи јавни собири и спортски натпревари како превентива од ширење на коронавирусот. Истовремено се откажаа и карневалите во Прилеп и Струмица, кои традиционално се одржуваат за празникот “Прочка“. Дали ова значи дека ќе бидат забранети и политички собири, протести и цела изборна кампања? Дали додавката “Северна“ ќе ја направи Македонија пред изборите да биде тивка и умртвена како Северна Кореја?
Владата на денешната седница ќе го разгледува предлогот на Министерот за здравство, Венко Филипче кој бара да се забранат сите големи јавни собири и спортски натпревари како превентива од ширење на коронавирусот.

„Предлогот е да се забранат сите јавни собири каде има голема бројка на граѓани, без разлика дали се во затворен или отворен простор. Треба да се откажат сите големи јавни собири и спортски натпревари“ – брифира Филипче. И додека постои можност сите спортски настани од домашните првенства да бидат одложени, проблематичен е дуелот помеѓу Вардар и Монпелје во ракометната Лига на шампиони. Поради згуснатиот распоред, тешко е да се најде нов термин. Доколку Владата го прифати предлогот, веројатно во „Јане Сандански“ ќе се игра пред празни трибини.
Вчера, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашање дали и натаму ќе протестираат против владата, рече дека СДСМ се исплашени и оти како изговор го користат корона вирусот за да ги спречат народните протести.
Најсреќни би биле, исплашените од СДСМ да го користат коронавирусот како изговор за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот и претпоставувам дека тие молеа Бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да протестира против она лицемерие кое денеска е секојдневие во Македонија, за жал – рече Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.