Во моментот 71 годишниот принц Чарлс е во домашна изолација во дворецот во Шкотска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2020 11:57

КОРОНАВИРУСОТ ПРИСТИГНА ВО КРАЛСКАТА ПАЛАТА: Принцот Чарлс позитивен на коронавирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Опасниот Коронавирус кој сее страв во светот пристигна и во Кралството, па како што пренесоа британските медиуми, Принцот Чарлс е позитивен на коронавирус. Неговата сопруга Камила е негативна по извршеното тестирање.

Принцот Чарлс позитивен на коронавирус

Во моментот 71 годишниот принц Чарлс е во домашна изолација во дворецот во Шкотска.

-Принцот од Велс е позитивен на коронавирус. Тој имаше полесни симптоми, но е со добро здравје и работеше како и обично изминативе денови. Камила е исто така тестирана и таа го нема вирусот. Со координација од владата и советите од лекарите, принцот и војвотката се во самоизолација, истакна портпаролот на кралската резиденција во Лондон.

Чарлс, принц од Велс е најголемиот син на британската кралица Елизабета II и Филип. Тој е престолонаследник на тронот на Обединетото Кралство.

Функцијата престолонаследник му следува како најстар син на британскиот монарх. Тој ја носи титулата принц од Велс и војвода од Ротсеј.

Од бракот со својата прва сопруга Дијана има два синови: Вилијам и Хенри. Во 2005 година стапил во брак со Камила. Доколку го наследи тронот, тој ќе биде најстариот престолонаследник во историјата на британската монархија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Иако се воведени добри мерки за контрола и превенција, бројот на новооткриени случаи брзо се зголемува.

КИНЕСКИТЕ СТРУЧЊАЦИ ВО СРБИЈА: Да се воведе полициски час од 24 часа- има премногу луѓе на улиците!

Голем број српски државјани не носат заштитни маски и на улиците има премногу луѓе,...

Бројот на смртни случаи од вирусот корона во Њујорк се искачи на 4.159 бидејќи вирусот се рашири на над 120.000 луѓе.

ЗАСТРАШУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ ОД ЊУЈОРК: Телата на умрените стојат во ходниците (ВИДЕО)

Десетици вреќи беа видени во болничките ходници во Њујорк, наредени еден врз друг,...