Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Објавил: Стојче Бушин | 12 октомври, 2020 19:30

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Фото/Текст извор: ©ekipa

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски шампион непосредно пред враќањето на „црвено-црните“ во натпреварувачки ритам и претстојниот дуел од ЛШ против германски Фленсбург.

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

ЕКИПА дознава дека станува збор за македонски ракометар, а по неговиот позитивен тест е извршено тестирање на сите членови на клубот чии резултати се очекуваат до крајот на денот. По добивањето на тие резултати ќе биде јасно на чии услуги ќе може да смета тренерот Алушовски за претстојниот дуел со Фленсбург. „Вардарци“ се без меч во ЛШ уште од 16 септември, во целиот овој период немаа позитивен случај на Covid-19, но сега непосредно пред продолжението со настапите од елитното европско натпреварување се соочуваат со сериозен проблем.

За потсетување, позитивен на коронавирус на самиот старт од сезоната беше капитенот Стојанче Стоилов, кој од оваа причина го пропушти завршниот турнир од Ф4 турнирот од СЕХА-лигата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Ова ќе значи и прекин на групата Б во следните 15 дена, а се очекува во следниве денови да бидат тестирани и ракометари на екипи, кои во изминатиот период играа натпревари против Работнички.

Шеснаесет ракометари на Работнички заразени со корона

Вкупно 16 ракометари се заразени со ковид-19 во редовите на Работнички. Сите се наоѓаат...

Мојсоски седнува на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој стана пратеник во Собранието, и не може да извршува две функции истовремено.

Наумче Мојсоски е новиот директор на Агенцијата за млади и спорт

Поранешниот македонски репрезентативец во ракомет, Наумче Мојсоски, ќе биде новиот...

Веста ја откри тренерот на ракометниот клуб Вардар,  Стевче Алушовски, а доаѓа само четири дена пред дуелот со Нексе во четвртфиналето во СЕХА-лигата.

Стојанче Стоилов позитивен на коронавирус

Капитенот на македонскиот ракометен првак Вардар, Стојанче Стоилов е позитивен на...

Според информациите од Германија, Лазаров нема симптоми на коронавирус, но првиот тст покажал дека е позитивен. Лазаров се тестирал во Скопје каде тестот бил негативен. ова е прв случај во РК Ратинген е прв случај на позитивен тест на Ковид-19.

Филип Лазаров позитивен на Ковид-19

Филип Лазаров е позитивен на Ковид-19, ова го тврдат медиумите од Германија кои јавуваат...