Пред 2 дена корона вирусот беше потврден и кај две негувателки во тетовска градинка и нивните групи со деца се во изолација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 септември, 2020 17:34

КОРОНАВИРУСОТ СЕ ШИРИ ВО ГРАДИНКИТЕ: Нови два случаи во градинка во Чешиново и Виница

Фото/Текст извор: ©сител.мк

Позитивен тест на Ковид 19 кај негувателка и дете времено ја затвори градинката во Чешиново. Објектот Штркче по препорака на епидемиолог нема да работи до 30 ти септември а во изолација се сите кои биле во контакт со заразените. Вонредна дезинфекција и домашен карантин и за група на дечиња од градинката Гоце Делчев во Виница каде една од вработените има корона вирус, дознава Сител.

-Групата со 12 дечиња, воспитувачката и негувателката која беше на замена по препорака на епидемиологот одат во 14 дневна изолација. Има насоки да се следи нивната состојба дали ќе има промени. Направена е дезинфекција во просторијата, вели Наташа Анакиева Димитрова, директор на градинка Гоце Делчев – Виница.

Пред 2 дена корона вирусот беше потврден и кај две негувателки во тетовска градинка и нивните групи со деца се во изолација. Во домашен карантин се и деца од кочанска градинка по потврден случај кај психологот во установата а во Струмица вирусот беше дијагностициран кај три дечиња од иста група. Заразени пријавија и во битолска детска установа и во две градинки во Скопје. Епидемиолозаите велат дека е очекувано да има позитивни во објектите за згрижувањ ена деца бидејќи изминатиот период има значитењлен пораст на ковид позитивни во државата.

Само минатата недела за 35 проценти е поголем бројот на позитивни случаи во споредба со претходно анализираниот период. Минатата недела Ковид 19 бил потврден кај 37 деца до 9 годишна возраст а 33ца од минатонеделните заразени со вирусот патувале во странство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од МВР најавуваат дека има засилени полициски контроли од страна на републичката полиција со цел почитување на мерките.

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во „8 Септември“

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во болницата...

Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2.000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка.

Филипче го внесува системот во хаос, бараме одговорност!

Во денешното соопштение Вмро-Дпмне обвинува дека бројката од 22 починати од ковид-19...

Очигледно за многу наши соседи во Скопје, митовите за комунистичкиот отпор се основа за нивниот „етнички идентитет“.

Ковачев: Наместо „бугарски фашистички окупатор“, на спомен плочите да пишува „германски нацистички окупатор“

Бугарскиот Европратеник Андреј Ковачев на Фејсбук предложи сите плакети и споменици...