Бубевски и Фетаи последен пат бил во кривичниот суд во вторникот на претходното рочиште за Монструм, објави Телма.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јули, 2020 16:19

КОРОНАВИРУС ВО ЗГРАДАТА НА СЈО: Обвинителот Бубевски заболен до Ковид 19, Фетаи во самоизолација!

Фото/Текст извор: ©телма.мк фото: МИА

Обвинителката Фатиме Фетаи е во самоизолација, откако вчера на нејзиниот колега обвинителот Гаврил Бубевски му биле доставени резултатите од тестот за Ковид 19, и испаднало дека е позитивен на вирусот. Освен Фетаи уште двајца истражители сместени во зградата на СЈО кои имале контакт со него при работа на предмети се во задолжителна изолација и не одат на работа.

Фетаи и Бубевски, обвинителите кои се задолжени за расветлување на случајот Монструм го известиле кривичниот суд за своето оправдано отсуство по што, утрешното рочиште за случајот ќе биде одложено и процесот ќе продолжи на крајот на август.

Бубевски и Фетаи последен пат бил во кривичниот суд во вторникот на претходното рочиште за Монструм, објави Телма.

Во судот немаат информации за заразеноста на обвинителот, туку биле известени дека обвинителството не е во можност да го застапува предметот. Бубевски е дома и во краток телефонски разговор за Телма истакна дека за сега се чувствува добро.

-СЕ ЧУВСТВУВАМ ДОБРО, НЕ ЗНАМ ОД КОГО СУМ ЗАРАЗЕН. ОДЛУЧИВ ДА СЕ ТЕСТИРАМ ЗА ПРВПАТ БИДЕЈЌИ ПОСТОЈАНО СУМ ВО ДВИЖЕЊЕ, А ЧЕСТО ОДАМ И ВО СУДОТ КАДЕ ИМА ГОЛЕМ БРОЈ НА ЛУЃЕ. ВО ЕПИДЕМИОЛОШКАТА АНКЕТА ИСТАКНАВ ДЕКА СО УШТЕ ЕДНА ОБВИНИТЕЛКА И ДВАЈЦА ИСТРАЖИТЕЛИ ИМАВ ДОЛГ СОСТАНОК ЗА ОТВОРЕНИ ПРЕДМЕТИ ПО ШТО Е ОДЛУЧЕНО И ЗА НИВНА ИЗОЛАЦИЈА. ВООБИЧАЕНО ГИ ПРИМЕНУВАМ ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ, А СОСТАНОКОТ БЕШЕ ДОЛГ, ВО ЕДНА ПРОСТОРИЈА И СПОРЕД ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ ПОСТОИ ОПРЕДЕЛЕН РИЗИК ЗА КОЛЕГИТЕ, НИ ИСТАКНА ОБВИНИТЕЛОТ ГАВРИЛ БУБЕВСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ЗА ТЕЛМА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Поднесени две кривични за забавите на Градиште!

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и...

Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата...

Собраниските служби,пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Денеска претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран...