Вирусот е под контрола и не се случи ништо критично во Русија, рече Путин во коментарите што ги пренесе државната новинска агенција ТАСС.

Објавил: Македонка Димкин | 4 март, 2020 19:24

Корона вирусот во Русија не е добредојден

Фото/Текст извор: ©магазин

Хистеријата поради новиот коронавирус во Русија е резултат на провокативни лажни вести од странство, рече претседателот Владимир Путин, во истиот ден кога рускиот нафтен гигант „Гаспром“ објави дека ги суспендира сите патувања на својот персонал во странство.

Вирусот е под контрола и не се случи ништо критично во Русија, рече Путин во коментарите што ги пренесе државната новинска агенција ТАСС.

Медиумските извештаи за закана од коронавирус во Русија имаат за цел да сеат паника кај населението. Овие провокативни лажни вести најмногу се поттикнуваат од странство – рече Путин.

Во земјата се пријавени неколку случаи на коронавирус, вклучувајќи го и првиот случај во московскиот регион, а властите презедоа големи мерки на претпазливост, како што е строго ограничување на влезот за кинески државјани.

Рускиот гигант „Гаспром“ го суспендира патувањето во странство за својот персонал поради коронавирусот, соопшти портпаролот на компанијата.

Тој додаде дека вработените треба да минат медицински тестови по приватните патувања во странство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Владата пред само шест дена го прошири администрирањето на третата, бустер доза за лица над 40 години, шест месеци по целосната вакцинација, а денеска таа мерка дополнително ја прошири на сите лица над 18 години.

Франција ќе дава засилувачка доза од анти-ковид вакцината на сите лица над 18 години

Француските здравствени власти предложија проширување на аплицирањето на засилувачката...

Од полицијата наведуваат дека Петра Р.(31) е вработена во Здравствениот дом- Загреб, каде била задолжена да внесува податоци за вакцинација на лица во системот.

Уапсена медицинска сестра од Загреб, фалсификувала ковид сертификати

Медицинска сестра од Загреб е уапсена за издавање на фалсификувани ковид сертификати...

Најавено е дека од тој датум, Швајцарија ќе ги признае истополовите бракови склучени во други земји, кои досега ги третираше како граѓански партнерства.

Од 1 јули во Швајцарија ќе може да се склучуваат истополови бракови

Истополовите бракови во Швајцарија ќе може да се склучуваат од 1 јули следната година,...