Во извештајот се вели дека Мортеза Рахманзаде, градоначалникот на 13 области во Техеран,  бил хоспитализиран вчера заради симптоми на коронавирус. Тестот покажал дека Мортеза е позитивен на коронавирус, пренесува Ројтерс.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 февруари, 2020 10:55

КОРОНА ВИРУСОТ УДРИ И ПО ВЛАСТА: Градоначалникот на Техеран заврши во болница поради смртоносниот вирус!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ирански функционер од Техеран е заразен со коронавирус, објави денес државната телевизија.

Во извештајот се вели дека Мортеза Рахманзаде, градоначалникот на 13 области во Техеран,  бил хоспитализиран вчера заради симптоми на коронавирус. Тестот покажал дека Мортеза е позитивен на коронавирус, пренесува Ројтерс.

Пријавени се случаи на КОВИД-19 во повеќе градови во Иран а до сега четири лица загинаа во земјата.

Според последните податоци, во Кина досега 76.228 лица се разболеле од коронавирус, додека 2.345 починале.

Инаку денеска во Италија, се регистрирани првите две смртни случаи како резултат на коронавирус (Ковид-19).

78-годишен маж, кој се лекувал последните 10 дена, почина во болница во регионот на Венето, а една жена почина во Ломбардија. Во последните 24 часа во Италија има 17 нови случаи на коронавирус.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вакцинацијата против коронавирус во Албанија продолжува со несмалена динамика и до сега имунизирани се 250.676 лица, објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу преку видеозапис на Фејсбук.

Во Албанија вакцинирани над 250 илјади лица

Вакцинацијата против корона вирусот во Албанија продолжува со несмалена динамика...

Учеството е над 90 отсто, а во изминатите седум дена, во просек е 93 проценти и станува збор за 10 до 12 илјади вакцинации дневно!

Грчкиот министер за здравство: Во јули колективен имунитет во Грција

До крајот на јуни или средината на јули ќе биде вакциниран еден голем дел од грчкото...

Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката партија на премиерот Бојко Борисов, но би можело да биде тешко да се најдат коалициски партнери заради слабиот одѕив среде стравувањата од пандемијата.

Бугарите денеска избираат нова Влада, се очекува победа на Бојко Борисов

Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката...