Министерството за здравство повикува на смиреност!

Објавил: Владо Марин | 28 февруари, 2020 6:19

КОРОНА ВИРУС – КАКО ДА СЕ ШТИТИМЕ СЕБЕСИ, НО И ОСТАНАТИТЕ ОКОЛУ НАС?

Фото/Текст извор: ©24 вести

Првиот потврден случај за лице заболено со „КОВИД-19“, познат како „коронавирус“ кај народот предизвика загриженост, која во многу изразени однесувања е неоснована. Министерството за здравство повикува на смиреност и посочува на подготвеност за справување со коронавирусот.

Како оваа појава претставува стрес-фактор за луѓето и како ние како општество треба да се однесуваме со колективна свест, за да се штитиме себеси, но и останатите околу нас?

Во „Коментар“ со Огнен Јанески, разговараат невропсихијатарот, проф. д-р Методи Чепреганов, научната соработничка, д-р Марија Димзова – специјалистка по инфектологија при Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и д-р Лили Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари.

Надлежните ги идентификуваа сите лица кои биле во контакт со сопатниците на заразената скопјанка. Тие веќе се анкетирани од епидемиолози и ќе бидат ставени во 14 денвна домашна изолација. Две лица кои ноќеска се пријавиле во Клиниката за инфектологија се негативни на вирусот. Нема нови случаи на заразени со коронавирус во последното денонокие. Скопјанката која била во Рим а вчеравечер самата се пријави на Клиниката за инфектологија, а чии привични резултати беа парцијално позитивни, сепак не е заразена со коронавирус, информираа од министерството за здравство и додадоа дека тестовите кај уште едно лице, возач на камион, кој дошол во клиниката биле негативни.

Телевизија 24 подготви и видео-совети како водич за превенција од коронавирусот, според препораките на Светската здравствена организација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Оздравеле 547 пациенти, а регистрирани се тројца починати во изминатите 24 часа и уште тројца од Регистарот за починати од ковид на Мој термин.

Нови 246 заразени со ковид, 547 оздравени и вкупно шест починати

Во изминатите 24 часа регистрирани се 246 нови случаи на ковид-19, од направени 4.072 тестирања,...

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 27 ноември до 24 декември, годинава.

Пријавени 266 новозаболени и 15 починати со ковид-19

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно...