Додека италијанската економија тоне, како резултат на мерките за спречување на ширење на вирусот корона, мафијата профитира од оваа криза, пренесува швајцарскиот весник „Блик“.
„Италијанската мафија може заканите да ги претвори во шанси“, вели Џузепе Гуарале, шеф на установата за борба против мафијата.
Експертите проценуваат дека 65 проценти од малите и средни претпријатија се соочуваат со банкрот, а организираниот криминал ја гледа својата шанса.
„Сè што треба да направите е да погледнете во портфолиото на мафијашката група за да видите колку можат да направат во пандемија“, рече писателoт за мафија и експерт Роберто Савиано за италијанскиот весник Република.
Во изминатите децении, мафијата инвестираше во сервисни компании како кантини, компании за чистење и дезинфекција, во депонирање на отпад, транспорт, хипотекарни компании и логистика за нафта и намирници.
Неговата институција веќе работи на план за спречување на мафијашката инфилтрација.
„Тие ќе бараат дупки во системот. Ќе мора да внимаваме на сомнителни организации, почетнички и лажни бизниси“, вели тој.
Во исто време, епидемијата го отежнува борбата против организираниот криминал.
Судските процеси против стотици обвинети се суспендирани, според Никола Грутри, обвинител во Калабрија, седиште на моќната мафијашка организација „Ндрангета“.
Многумина исто така се плашат од инцидентите што мафијата може да ги поттикне.
Разузнавачката служба веќе ја предупреди владата за евентуални немири во јужна Италија доколку епицентарот се пресели во тој дел од земјата, пренесува Ла Стампа.
Според организацијата Антигона, која се залага за правата на затворениците, повеќе од 2.500 осудени лица се ослободени од затвор од крајот на февруари за да се намали ризикот од зараза.
Меѓу нив има лица блиски до Ндранџети, посочува обвинителот Гатери, додавајќи дека ова е многу вознемирувачка и реална опасност.
http://https://www.youtube.com/watch?v=iKh_HXjRzRQ&feature=emb_title
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.