Ако вчера над 30 полициски службеници имаа добиено решение за изолација, денеска според епидемиолошката анкета и контактите на заразените, вкупно 103 полициски службеници се во изолација.

Објавил: Стојче Бушин | 22 мај, 2020 11:44

КОРОНА ЗЕДЕ ЗАМАВ: 14 полицајци позитивни на ковид-19, 103 се наоѓаат во изолација!

Фото/Текст извор: ©Фокус

По првиот позитивен случај на ковид 19 во Единицата за брзо распредување, заразата се прошири и сега вкупно 14 полициски службеници на ниво на цело Министерство за внатрешни работи се позитивни на новиот вирус.

Oд МВР за „Фокус“, велат дека половина од заразените се припадници на ЕБР, но останатите заразени се вкупен бро од цело Министерство за внатрешни работи.
 
Ако вчера над 30 полициски службеници имаа добиено решение за изолација, денеска според епидемиолошката анкета и контактите на заразените, вкупно 103 полициски службеници се во изолација.

Пред неколку дена беше соопштено дека припадник на ЕБР, кој заедно со колегите обезбедувале карантински објекти во охридскиот регион почуствувал симптоми на ковид 19.
Тој бил тестиран и бил позитивен на новиот вирус, а освен него, позитивни биле и уште шестмина негови колеги.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.089; 45,4%), со неделна инциденца – 176,3/100.000.

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 11 ДО 17 ЈАНУАРИ, 2021Г: НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ, ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ОЗДРАВЕНИ ЛИЦА

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 11 до 10 јануари...

Донацијата се состои од инфузиони пумпи за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање на вени кај критични новороденчиња.

Амбасадата на Израел донираше апарати за критичните новороденчиња на детската клиника

Нашите најмали ја заслужуваат најдобрата здравствена заштита и нега. Денеска, амбасадата...

Министерот Филипче истакна дека Светската здравствена организација се покажа како еден од најсериозните и најголеми партнери од почетокот на ковид кризата, како и во претходниот период на други полиња на соработка.

СЗО ДОНИРАШЕ ТРИ БИОСЕЈФТИ КАБИНЕТИ ЗА ИНСТИТУТОТ ПО СУДСКА МЕДИЦИНА И ИНСТИТУТОТ ЗА МИКРОБИОЛОГИЈА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, шефицата на Канцеларијата на Светската...