Македонија
Вести
На Клиниката за инфективни болести починаа четири лица кај кои бил утврден вирусот Ковид-19, дознава Алсат.
Со ова вкупниот број на починати досега се искачи на 38.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Во изминатото деноноќие направени се 404 теста, а досега направени се вкупно 8.057 тестирања на коронавирус.
Вчера на инфективната клиника беа примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69.
Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина. Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти.
Тие се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка,вели министерот Филипче.
На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.