Тој ја поддржа иницијативата за почеток на подготовките за повторно отворање на здравствените установи, кога ќе заврши пандемијата, пренесува ТАС С.

Објавил: Перо Милчин | 23 мај, 2020 17:37

КОРОНА ПОЛЕКА ЈА НАПУШТА РУСИЈА: Путин даде итна наредба на Министерството за здравство!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му нареди на Министерството за здравство да се подготви за вториот бран на коронавирус, што може да се случи во октомври или ноември годинава.

Тој ја поддржа иницијативата за почеток на подготовките за повторно отворање на здравствените установи, кога ќе заврши пандемијата, пренесува ТАС С.

„Би сакал да го привлечам вниманието на нашите колеги, пред сè, министерот за здравство Михаил Мурашек, на потребата да се подготвиме за олеснување на ограничувањата според кои живееме. Мора да размислиме за вториот бран, кој, според експертите, би можел да се случи во есен, во октомври или ноември “, рече Путин за време на состанокот преку Интернет за состојбата со коронавирусот во земјата.

Путин оцени дека ситуацијата во врска со ширењето на коронавирусот во Русија генерално се стабилизира.
Тој додаде дека бројот на пријавени случаи на дневна основа постепено се намалува. Сепак, како што истакна тој, „досега оваа динамика не е толку брза како што би сакале да биде, понекогаш е дури и нестабилна, но сепак е присутна“.

Како пример, тој изјави дека пред една недела стапката на раст на бројот на случаи низ цела Русија е 5,9 проценти, а денес е 3,5 проценти.

„Во меѓувреме, клучно е ваквиот пад да се случи како резултат на постојаното зголемување на бројот на тестови, што овозможува да се открие болеста во рана фаза“, рече Путин.

Тој потенцираше дека во изминатите две недели, бројот на извршени тестови се зголеми за скоро три милиони, односно дека се тестираат скоро 240 000 луѓе на дневна основа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Италија ќе добие околу 20 милијарди евра според новиот европски план за ублажување на влијанието на пандемијата на коронавирус врз работните места, објави денеска премиерот Џузепе Конте.


20 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИТАЛИЈА ОД ЕУ: Тоа е голема помош за нашата земја!

Италија ќе добие околу 20 милијарди евра според новиот европски план за ублажување...

Сегашни и поранешни службеници на ЦИА изразија вџашеност поради сличноста помеѓу настаните дома и знаците за опаѓањето на демократијата кои се обучени да ги забележуваат кај други нации.

Ситуацијата во Америка им е вознемирувачкa!

Ситуацијата во Америка им е вознемирувачки позната на аналитичарите на ЦИА навикнати...

Затоа, воведените мерки немаат никаква врска со вирусот! Но, главниот производ на овие мерки е паника а таа е опасна.

ШОКАНТЕН АПЕЛ ОД ГЕРМАНСКИ ДОКТОР: Коронавирусот е плод на мафијашка измама!

Група германски лекари основаа здружение чија цел е да му ја кажат на светот вистината...