Од друга страна, повеќе од 48.000 луѓе починаа од коронавирус во Велика Британија од март оваа година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 октомври, 2020 13:54

КОРОНА СЕЕ СМРТ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Уби три пати повеќе луѓе отколку грип и пневмонија заедно!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Коронавирусот предизвика три пати повеќе смртни случаи отколку сезонски грип и пневмонија заедно, покажува новото стручно истражување.

Податоците на британскиот Завод за национална статистика (ОНС) покажуваат дека во периодот од јануари до август годинава, во Англија и Велс се регистрирани 13.619 смртни случаи поради пневмонија и 394 смртни случаи како резултат на грип.

Од друга страна, повеќе од 48.000 луѓе починаа од коронавирус во Велика Британија од март оваа година.

Од 1959 година, кога ОНС започна да бележи смртни случаи, и до денес, бројот на смртни случаи од грип и пневмонија во првите осум месеци од секоја година е помал од смртните случаи предизвикани од инфекција со КОВИД-19.

Во домовите за стари лица, кои беа особено погодени од пандемијата, процентот на смртни случаи како резултат на КОВИД 19 беше скоро двојно поголем од бројот на смртни случаи предизвикани од грип и пневмонија, пренесува Sky News.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Лидерите на Г20, исто така, ќе им пружат помош кога станува збор за долговите, според нацртот на коминикето за Г20, во кое имале увид дел од медиумите.

ЛИДЕРИТЕ НА Г20 ВЕТИЈА ДЕКА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС ЌЕ БИДЕ ДОСТАПНА ЗА СИТЕ

Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји ќе се обврзат дека ќе платат за...

Ана Куријан од Банката за храна во Тексас рече дека побарувачката се зголемила со пандемијата и дека овие активности започнале во март. Како што вели, забележани се голем број нови луѓе на кои им е потребна помош.

АМЕРИКА ПРЕД КОЛАБС: Илјадници колони чекаат да добијат пакети со храна(ВИДЕО)

Американците беа запрепастени од долгите редици за храна и очигледно, слични хуманитарни...

Тие заклучија дека смртноста од корона најмногу зависи од географската положба на земјата, очекуваниот животен век, јавното здравје, економскиот статус и околината (температура).

КАРАНТИНОТ НЕ ПОМАГА ЗА КОРОНА: Истражувањата покажаа од што зависи смртноста од вирусот!

Во четвртокот беше објавена нова студија, која ги истражува сите фактори и колку тие...

Тој го замени Алжирецот Абделмалек Друкдел, кој беше убиен од француските сили на северот од Мали во јуни, објави денеска американската агенција СИТЕ, специјализирана за надзор на џихадистичките групи.

Ал Каеда има нов водач: Џaихадистите назначија водач од Алжир

Покрај назначувањето на нов водач, оваа терористичка организација објави дека погубила...