Коронавирусот зема замав во Струга, дека состојбата е повеќе од загрижувачка, говорат и бројките.Само во последните 7 дена, односно од 15-ти до 22-ти август, регистрирани се 41-ен новозаболени. Ова предизвика силни реакции на социјалните мрежи, граѓаните кои ја лоцираат вината за вака брзото ширење на заразата, бараат поголема ажурност од надлежните.Гневот го истураат и врз ресониот министер, објави Алфа ТВ.
“Господине министре, знаете ли дека во Струга владее хаос?Градот е запоседнат од луѓе кои се напикале еден во еден !Знаете ли дека градот е блокиран? Парковите станале спални соби, знаете ли? Средете го хаосот на струшкото крајбрежје, се додека на една лежалка седат по 6-7 луѓе,во Струга ќе има заразаени.“
-Струга има градоначалник,локален кризен штаб,полиција и инспектори,сите треба да си ја извршуваат должноста.Туристите и локалното населние но и институциите никако да се дисциплинираат”-ова се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Од Центарот за јавно здравје велат свеста кај населението е на многу ниско ниво.Додаваат дека повеќе не станува збор за кластери туку за ширење на заразата која не може да се контролира, ниту да се изолираат контактите.
“Да,поединечни случаи кои тешко се таргетираат и тешко се следат,затоа што кога го имате позитивниот и неговите контакти, тогаш тие ќе ги изолирате,меѓутоа не знаете кој без симптоми го пренесува вирусот, во каква средина.” – вели за Алфа ТВ Сашо Точко, од ЦЈЗ.
Дашмир Насуфи од кризниот штаб на општина Струга, признава дека состојбата во градот е далеку подраматична од она што е воочливо.Тој најави дека деновиве ќе свикале средба со пазарните инспектори и полицијата која според него и тоа како треба да биде повеќе присутна во туристичка Струга.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.