Спикерката Гојковиќ има влошена клиничка слика и поради констатирано воспаление на белите дробови е пренесена во ковид болницата КБЦ „Бежаниска коса!

Објавил: Стојче Бушин | 27 јуни, 2020 17:23

Короновирус во Владата на Србија, заразени министерот за одбрана, шефот на канцеларијата за Косово и претседателката на парламентот

Фото/Текст извор: ©360/kurir.rs

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин, претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ се позитивни на ковид-19.

Спикерката Гојковиќ има влошена клиничка слика и поради констатирано воспаление на белите дробови е пренесена во ковид болницата КБЦ „Бежаниска коса“.

Министерот за одбрана Вулин, според официјалните податоци бил тестиран и било утврдено дека е заразен, откако државниот секретар во министерството бил хоспитализиран со наод дека заболел од ковид-19.

Тој засега е со лесна клиничка слика, исто како и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

Се претпоставува дека бројот на членови на Владата, особено од владејачката партија Српска напредна странка (СНС) ќе се зголемува, со оглед дека без никаква заштита, без маски и физичка дистанца, сите заедно, во неделата ги чекаа резултатите од изборите и ја прославуваа победата.

Од кабинетот на претседателот Александар Вучиќ, кој истата вечер беше во директен контакт со нив, нема информации дали и тој е тестиран и каква е неговата состојба.

Оттаму само укажуваат дека доколку има каква и да било промена, јавноста ќе биде навреме известена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Досега Приштина разменуваше информации со Европол преку мисијата ЕУЛЕКС, така што овој договор е уште еден прст во окото на Белград од администрацијата во Брисел.

ЕУ ВО ЧЕТВРТОК ПЛАНИРА УЛТИМАТУМ ЗА СРБИЈА: Признавање на Косово и членство во ООН!

Преставниците на администрацијата во Брисел во четврток практично ќе и стават на маса...

Лончар истакна дека здравствениот систем има доволно медицински персонал, без оглед на обемот на работа на болниците и замореноста на вработените.

ЛОНЧАР: 550 здравствени работници во Србија се заразени со корона, од кои 50 се во болница

Министерот за здравство, Златибор Лончар, соопшти денеска дека 550 здравствени работници...