Според одлуката донесена на денешната седница на косовската Влада, исто така се скратува работното време на угостителските објекти, кои наместо до 22.30, во нардиниот период ќе можат да работат до 21 часот и 30 минути, и тоа само на терасите и со користење на 70 отсто од капацитетите.

Објавил: Владо Марин | 28 август, 2021 21:50

Косово воведе полициски час, влез во земјата со тест или сертификат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По зголемениот пораст на бројот на починати и новозаразени од Коид-19 во последните неколку недели, во Косово од утре стапуваат во сила новите мерки за спречување на ширењето на пандемијата, со кои, меѓу другото, по подолго време се воведува полициски час, односно забрана за движење на граѓаните од 22 до пет часот наутро, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според одлуката донесена на денешната седница на косовската Влада, исто така се скратува работното време на угостителските објекти, кои наместо до 22.30, во нардиниот период ќе можат да работат до 21 часот и 30 минути, и тоа само на терасите и со користење на 70 отсто од капацитетите.

Кабинетот на Албин Курти попладнево одлучи и да го одложи почетокот на учебната година за основците и средношколците до 13 септември, а до наредната одлука на Владата остануваат во сила забраните за организирање свадби и други семејни веселби, како и ученички и студентски екскурзии и матурски вечери.

При влез во Косово потребно е да се приложи сертификат за вакцинација со една или две дози, негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, или серолошки тест не постар од 30 дена. Лицата кои не поседуваат еден од тие документи треба под заклетва да потпишат изјава за седумдневна самоизолација.

Во Косово последните недели се забележува видно зголемување на бројот на новозаразени, главно од новата варијанта делта на коронавирусот, така што само според денешниот 24-часовен извештај на здравствените власти, беа евидентирани рекордни 1.890 нови случаи, од извршени над 13 илјади тестирања. Вчера и ден претходно беа забележани по рекордни 18 смртни случаи на заболени од Ковид-19, а бројот на активни случаи изнесува речиси 26 илјади

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Во соопштението на полицијата се наведува дека возилото врз кое биле фрлени пиротехнички средства се наоѓало на статичен пункт поставен за спречување на прекуграничниот шверц во таа област.

НОВ НАПАД ВРЗ КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА НА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА

Косовската полиција соопшти дека рано утрово се случиле две нови експлозии во близина...

Од Владата се бара да ги преземе неопходните активности за да спречи кршење на суверенитетот и уставниот поредок на Косово!

Косово усвои Резолуција против одржување на српскиот референдум

Со 76 гласа пратениците во косовското Собрание неодамна ја усвоија Резолуцијата против...

По денешната акција на косовската полиција на четири локации во Косово, премиерот Албин Курти рече дека акцијата е во насока на спречување на нелегални активности, додавајќи дека нема да се толерираат криминалци и криминални групи.

Немири во Косово: Вучиќ се закани дека ќе ги згази косоварите

Александар Вучиќ пртетседателот на Србија, изјави денеска, за време на разговорите...

Таа изрази надеж дека Косово наскоро ќе се снабди и со хеликоптери, кои на ФСК ќе му послужат и за спасување човечки животи во вонредни ситуации.

Во Косово пристигнаа 55 oклопни возила, донација од САД

Во најголемата косовска касарна, „Адем Јашари” денеска беше одржана свеченост по...