
Свет
Балкан
За Приштина не постои алтернатива за членство во ЕУ и НАТО, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи и додаде дека план Б ниту постои, ниту се бара.
Во авторски текст за “Фајненшл Тајмс” тој наведе дека додека Белград и Приштина не ги решат своите разлики, нема да дојде до членство во ЕУ, поради што е многу важно да се постигне правно обврзувачки договор со Србија.
Според него, постои голема можност други да ја искористат предноста на моменталниот вакуум, поради што тој и претседателот на Србија Александар Вучиќ повторно се ангажирале за да најдат “активни и креативни решенија” кои ќе донесат праведен и конечен договор.
Потребно ни е трајно решение кое ги покрива постоечките разлики и можните точки на идните судири. Нема да прифатиме привремени договори или продолжување на статус кво. – рече Тачи.
Како една од областите на судир, тој ја означи границата меѓу Србија и Косово за која, како што вели, многу се пишувало во претходниот период и вели дека корекција на границите не може да се заснова врз принцип на етничка поделба.
Не сакаме да ги разделуваме нашите два народи. Непотребно е да кажеме дека секој конечен договор мора да биде зацврстен со гаранции од ковано железо за континуирана заштита на правата на сите заедници кои ќе останат во нашите земји, вклучувајќи ја и заштитата на верските објекти. – напиша Тачи.
Тој додаде и дека не се бара создавање услови за измена на границите каде било во регионот, како на пример границата со Албанија, и покрај тоа што некои зборуваат за такво нешто.
Косово никогаш не било преседан. Тоа ќе остане случај sui generis (уникатен). – вели Тачи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.