Порославата на Косово наиде на доста критики, па таква упати и поранешниот премиер на Македонија, Љупчо Георгиевски сегашен прецедател на ВМРО-Народна партија.

Објавил: Валерија Петрова | 12 јуни, 2019 19:27

КОСОВО СРАМИ СЕ: Каде е македонската делегација на прославата?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Косово денеска прославува 20 години од навлегувањето на НАТО – трупите односно од „денот на ослободувањето на Косово од српската власт“. Од вчера во Приштина е тогашниот американски претседател Бил Клинтон, а по него пристигна и тогашната државна секретарка Медлин Олбрајт, кои во главиот град на Косово ќе добијат признанија.

Порославата на Косово наиде на доста критики, така упати и поранешниот премиер на Македонија, Љупчо Георгиевски сегашен прецедател на ВМРО-Народна партија.

Неговата објава ви ја прикажуваме во целост.

– На прославата по повод дваесет години од влегувањето на НАТО во Косово како што забележав немаше покането делегација од Македонија.

Георгиевски упати критики за прославата на Косово

Тоа е голем срам и за Косово но и за меѓународната заедница. Да се игнорира Македонија во нејзината улога на комплетната логистичка поддршка на НАТО интервенцијата, бегалската криза и последиците што ги имаше за нашата земја. Па дури и самиот крај: согласноста само преку Македонија да се влезе со копнена офанзива.

А потоа ни вратија со воена агресија.

За потсетување, на денешен ден пред 20 години меѓународните трупи навлегоа на Косово, откако два дена претходно кај Куманово беше потпишана „Кумановската спогодба“, со што завршија бомбардирањата на НАТО врз тогашна СР Југославија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.

АДВОКАТИТЕ НА БОКИ-13: „Лаги написите дека кај неговата мајка има докази против Заев”

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро...