Од Владата се бара да ги преземе неопходните активности за да спречи кршење на суверенитетот и уставниот поредок на Косово!

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 јануари, 2022 5:52

Косово усвои Резолуција против одржување на српскиот референдум

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со 76 гласа пратениците во косовското Собрание неодамна ја усвоија Резолуцијата против одржување на референдумот на Србија на 15 јануари на територијата на Косово.

Во Резолуцијата, меѓу другото, се наведува дека единствен став на Собранието на Косово е дека со организирањето на референдумот на Србија на територијата на Косово, се нарушува суверенитетот и уставниот поредок на Косово и дека е спротивно на Уставот и законите на Косово и меѓународните стандарди.

Од Владата се бара да ги преземе неопходните активности за да спречи кршење на суверенитетот и уставниот поредок на Косово.

Заклучено е и дека припадниците на српската заедница на референдумот во Србија можат да гласаат по пошта или во Канцеларијата за врски на Србија со Косово во Приштина, а отворањето на избирачките места би било прекршување на законот и Уставот на Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...

Според „Репортери“, од КФОР не одговориле дали ќе учествуваат во отстранувањето на барикадите на северот.

КФОР: Ги следиме настаните на Косово, во контакт сме со претставниците на Белград и Приштина

Мировната мисија на ОН предводена од НАТО на Косово (КФОР) соопшти дека внимателно...

Земјите од Квинте, заедно со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, бараат да се отстранат барикадите на север затоа што се нелегални, напиша Брнабиќ на Твитер и го критикуваше Брисел.

Брнабиќ: Барикадите што ги подигнаа Србите се повик за мир

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека барикадите што ги поставија Србите...