Од претседателскиот кабинет соопштија дека неговата состојба е стабилна и оти Тачи не е задржан на оделение, туку по интервенцијата бил пуштен на домашно лекување.

Објавил: Стојче Бушин | 20 април, 2020 13:41

КОСОВО: Хашим Тачи итно примен во болница!

Фото/Текст извор: ©Magazin

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска е примен во Клиниката за урологија откако почувствувал болки во бубрезите, поради присуство на камења.

Од неговиот кабинет соопштија дека неговата состојба е стабилна и оти Тачи не е задржан на оделение, туку по интервенцијата бил пуштен на домашно лекување.
 
Косовскиот претседател искажал благодарност до медицинскиот персонал за грижата којашто му била укажана.
 
Хашим Тачи е косовски политичар кој ја извршува функцијата претседател на Косово од 7 април 2016 година. Претходно бил премиер на Косово во периодот 2008–2014, а потоа и министер за надворешни работи и вицепремиер во владата на премиерот Иса Мустафа (2014–2016).
 
Тачи бил претседател на Демократската партија на Косово од нејзиното основање во 1999 до 2016, кога бил избран за шеф на државата. Тој бил познат и како политички водач на(ОВК), паравоена организација која учествувала во Косовската војна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

- Тајно одењето во просторијата за прислушување и исклучување на безбедносните камери е сериозно кривично дело и тие мора да се соочат со правдата - рече Тачи.

ХАЧИМ ТАЧИ НЕМИЛОСРДЕН: Албин Курти е НАРКО-ДИЛЕР, местото му е во ЗАТВОР!

Косовскиот претседател Хашим Тачи го обвини „техничкиот премиер“ Албин Курти дека...

Таа на Фејсбук изјави дека албанските вооружени сили биле ангажирани за време на пандемијата.

АЛБАНСКИ ВОЈНИЦИ ЗА ПРВ ПАТ НА КОСОВО: Единицата за посебни операции ќе служи во рамките на КФОР!

Албанската министерка за одбрана, Олта Џжака, денеска објави дека албанските воени...

Ѓуриќ прецизираше дека лекарите и медицинските сестри се запрени вчера на административниот премин Мердаре, иако офицерот за врска веќе го најавил нивното пристигнување.

НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Властите во Приштина им забранија на српските лекари да влезат во Косово!

Властите во Приштина спречија 20 српски лекари и медицински сестри да влезат во Косово...