Османи ги поддржува Османи и Ахмети

Објавил: Калина Мартинска | 21 ноември, 2024 19:57

Косовската претседателка Османи контра премиерот Курти, Албанците во Македонија биле загрозени

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Косовската претседателка Вјоса Османи, веројатно се уште многу лута од случката на скопскиот аеродром каде мораше да мине преку процедурата вообичаена за сите останати граѓани и политичари од целиот свет, сега застана контра Курти и неговата изјава за албанскиот јазик во Македонија.

Застана и против мнозинската албанска коалиција во државата. Во етно-романичарски занес, Османи нерагументирано изнареди куп епитети на сметка на своите сограѓани од албанска националност во Македонија.

Воинствено и недипломатски, кршејќи ги сите постулати на Виенската конвенција и редица други непишани закони, Вјоса обвини за некаво наводно загрозување на правата на Албанците во Македонија, кое демек  ќе наишло на противење и единство на Албанците од цел Балкан. Нешто со што не се согласува владејачката ВРЕДИ, како и нејзниот премиер Албин Курти.

Курти ја демантира ДУИ: Албанскиот јазик не е под закана во Македонија

Османи изјави дека „секој обид да се поткопаат“ правата на Албанците во Македонија, „ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан“.

Таа додаде дека ќе се преземе сé „за да не се направи чекор назад“ во однос на правата на Албанците стекнати со Охридскиот договор. Иако, тој чекор не е направен…

„Скандалозно“ – Ахмети и Османи реагираа на изјавата на Курти дека албанскиот јазик не е под закана во Македонија

Основниот проблем е што македонските Албанци не се согласуваат со неа и оваа паушална констатација, особено ВРЕДИ кои според бројот на пратеници во своите редови, сите од албанска етничка припадност, за разлика од етничкото шаренило кај Ахмети и ДУИ, се најбројната албанска коалиција во Македонија.

Првиот вицепремиер Изет Меџити оценува дека косовскиот премиер Албин Курти ја кажал вистината за тоа дека во Македонија не постои закон за албански јазик, туку закон за употреба на јазиците. На ДУИ не им се допадна изјавата на Курти.

Меџити ја оцени за хистерична реакцијата на ДУИ за изјавата на Курти за албанскиот јазик

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.