Некогаш грешките на контролните кули за лет може да ве чинат и затвор. Ова на сопствена кожа доцна синоќа за малку ќе го почувствуваа претседателот на Собранието на Косово – Кадри Весели како и премиерот и вицепремиерот на Косово Рамуш Харадинај и Фатмир Лимај а авионот со кој се обиделе да патуваат за Брисел бил во приватна сопственост на косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли.
Авионот со високата делегација полетал од аеродромот во Тирана од каде по грешни координати на контролната кула бил упатен во воздушна територија на Република Србија каде пак за Весели – Харадинај и Лимај Владата на Република Србија има распишано потерници како поранешни функционери на ОВК [ Ослободителна војска на Косово ] со што легитимен би бил чинот на српските власти да го приземјат леталото и уапсат.
Грешката која лесно можела да заврши со дипломатски скандал прв ја забележал министерот Пацоли кој наредил авионот да се врати во Тирана по што делегацијата својот лет го реализирала со комерцијална авио компанија од Италија. Државниот врв доцна синоќа пристигнал во Брисел каде веќе ги чекал претседателот на Косово Хашим Тачи а каде денес започнува нов круг преговори со Србија за Косово.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.