Да се ослободат од плаќање фирмарина оштетените во пожарот, во наредните 2 години.

Објавил: Перо Милчин | 3 јануари, 2021 20:52

КОСТАДИНОВ: Веднаш да се формира солидарен фонд во кој граѓаните ќе донираат пари за Глобал

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов на социјалните мрежи денеска препорача веднаш да се формира солидарен фонд во кој граѓаните ќе донираат пари за трговскиот центар Глобал во Струмица!

Се приклучувам на апелот на премиерот Зоран Заев да сите оние компании кои располагаат со механизација и човечки капацитети, се вклучат и помогнат при самото расчистување на ТЦ Глобал.

Секако сите да се солидаризираме и да помогнеме во заживувањето на економијата во самиот Глобал и на луѓето кои лебот го вадат од таму, порачува Костадинов.

Препорачувам општината заедно со советот веднаш да формираат солидарен фонд во кој граѓаните ќе можат да донираат.

Согласно капацитетите на општината и законските можности да се помогне на оштетените граѓани и компании. Да се ослободат од плаќање фирмарина оштетените во пожарот, во наредните 2 години.

Општината формално правно, да ги ослободи оштетените од закупнина кои ја имаат самите фирми кон општината,до момент на целосно санирање на штетите на самите тезги, локали… Сите ние кои сме ја добиле честа од граѓаните да ги претставуваме, независно дали функцијата е централна или локална, а сме од Струмица први да придонесеме во солидарниот фонд, препорачува Костадинов.

Премиерот Заев изрази жалење за сериозната катастрофа и несреќа која го зафати објектот на трговскиот центар.

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во Струмица изврши увид на штетата која е направена по пожарот кој синоќа го зафати Трговскиот центар „Глобал“.

При увидот беше изразено големо жалење за страшната слика од остатоците на пожарот, кој зафатил продавници во приземјето и се проширил на првиот кат и пазарот.

Објектот е во густо населено подрачје и можеа да видат граѓаните каква огнена стихија се случуваше. Материјалните штети се огромни, нанесени се непоправливи економски штети, на деловните субјекти кои живеат и работат овде и од тука ја вадат својата егзистенција. Добро е што нема повредени и човечки жртви“, рече премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Ова е дефинитивно најбезобразниот статус напишан од човек кој се претставува како лидер на опозицијата.

Костадинов: Мицкоски од инфективна пишува брзобразни статуси, сака сите да го сожалуваат

Не ја разбирам потребата на Христијан Мицкоски кој гори од температура и лежи на инфективна...

Тој додава дека ако власта „мисли дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи“.

Мицкоски од Инфективна: Единствен начин да се спасите од мене е да не се разбудам утре

Денеска ги видовме со сета своја немоќ како на отворена сцена се обидуваат византиски...

Уште еднаш за многу години Богојавление, мир и радост во срцата и душите на сите верници, и успех и среќа во домовите.

Честитка по повод празникот Богојавление Христово-Водици од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

До: Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ...