-Јасно му е на Мицкоски дека поддршка од граѓаните нема.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 август, 2019 16:33

КОСТАДИНОВ: “Додека СДСМ е цело време со граѓаните, на терен, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги нема”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

-Клучниот осомничен во еден од случаите на СЈО, „Империја“, Мицкоски се обиде да го претстави како жртва. Единствената агенда, почитувани граѓани, на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беше и останува одбрана на криминалот на режимот. Мицкоски денеска јасно потврди дека се сретнал со лицата кои се осомничени и кои се гледаат на објавените снимки за случајот „Рекет“, изјави на денешната прес конференција Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Костадин Костадинов на денешната прес конференција рече дека секој којшто се огрешил пред законот, од прв до последен ќе одговара.

-Сега треба отворено да излезе пред јавноста и да даде одговори со кои две лица кои се гледаат на објавената снимка се има сретнато? Што примил Христијан Мицкоски на рака? Дали Мицкоски се сретнал со авторот на текстовите во Будимпешта? Дали се сретнал со тајкунот осомничен во случајот ‘Империја’ и зошто?, рече Костадинов.

-Јасно му е на Мицкоски дека поддршка од граѓаните нема. Додека СДСМ е цело време со граѓаните, на терен, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски едноставно ги нема. Сè што прават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е само ширење лажни вести од белиот дворец, скапо платени од парите на граѓаните. Исти такви протести ВМРО-ДПМНЕ се сеќавате дека најавуваше и пред претседателските избори, се одржаа неколку и ги снема. Немаше поддршка од граѓаните и на крај остана сам со Јанко Бачев.

Истото почитувани ќе биде и сега. На Христијан Мицкоски му упатуваме јасна и недвосмислена порака – нема да успеат твоите обиди да ги загрозиш случаите што се водат против криминалците и криминалите на режимот, на твојот шеф, ниту вашите тајкуни.

На ова со реакција излезе опозициската ВМРО-ДПМНЕ:
-Поимот тајкун е творба на СДСМ. Тајкуните и криминалците се во СДСМ. Почнувајќи од кланот Заеви па надоле. Заев не може да се искупи од одговорност за случајот Рекет. Рекетирање во име на ослободување од обвиненијата од СЈО во период од неколку години не е можно без Катица Јанева и нејзиниот директен претпоставен Зоран Заев.

Заев не е и не може да биде аболициран од одговорност за случајот „Рекет“. Заев треба отворено да каже зошто со години негов чест гостин беше Боки Тредичи, зошто целата негова влада и половина партија имаат слики со Јовановски? Дали се вистина наводите во некои медиуми дека чанта со пари од аферата Рекет завршила на Илинденска? Дали некој се сретнал или не со некакви тајкуни Заев нека провери кај неговата заменичка Шекеринска. Стравот и паниката кај Заев е показател дека е свесен дека паѓа и му нема спас. Одговорност за се што стори до сега ќе има. Одговорност за Заев, како и за сите извршители и помагатели во Рекет, како и другите случаи ќе има. Македонија мора да биде правна држава, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со многу емоција, заедно со народот подготвена сум да ја понесам тежината на борбата.

Моќна порака на Мизрахи: Должни сме да си ја одбраниме нашата мајка, Македонија- НИЕ СМЕ МАКЕДОНСКИ НАРОД

Како што мечката си го брани своето мече, должни сме да си ја одбраниме нашата мајка,...

-Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности.

Кокаинот во Крушопек стигнал во пратка со банани (фото)

Полициска акција се спроведуваше во селото Крушопек, Сарај, каде е запленета голема...

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...