
Македонија
Фејсбук
Не ја разбирам потребата на Христијан Мицкоски кој гори од температура и лежи на инфективна како и многу голем број наши сограѓани борејки се со ковид вирусот, да пишува статуси и згора на тоа истите да ги спонзорира…
Ова е дефинитивно најбезобразниот статус напишан од човек кој се претставува како лидер на опозицијата.
Вообичаено потребата од сожалување е карактерна особина и од таа причина нема да навлегувам темелно во карактерот на Мицкоски, оти би било џабе, тој е таков каков што е и тоа сите добро го знаеме и го имаме видено на дело.

Во конкретната ситуација кога Мицкоски од клиника спонзорира фб статуси, во обид да поттикне сите други да го сожалуваат не е ништо друго освен времено односно моментално уживање на таквиот флуиден карактер, практично тој ужива во сопствената слабост и не случајно постот е спонзориран.
На овој начин Мицкоски не прави ништо друго освен што бара изговори за својот личен неуспех во водењето на партијата и односот према државата и преку сожалувањето целата негова одговорност ја префрла ни сите останати луѓе и поблиски и подалечни нему.
Овие чинови на безобразие на дрскост не сакам да не направат рамнодушни или без чувство на емпатија, но нека ни бидат пример дека за жал кај некои луѓе како Мицкоски не важи основното правило на човештвото дека, болен човек има само една желба, да оздрави.
За крај сакам да им посакам уште еднаш брзо закрепнување на сите кои се соочуваат со Ковид-19, да апелирам на почитување на мерките и протоколите за заштита на здравјето на граѓаните и да се поклонам пред здравствените работници, од лекари до сестри до портирите во болниците кои даваат несебична жртва за да не спасат од ова зло!
Фејсбук статус на Костадин Костадинов!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.