Зоран Заев, Амди Бајрам, Стојанче Ангелов, Лиле Поповска, Талат Џафери, Љубе Бошковски и Павле Трајанов се залагаат за про-европски мерит систем при вработување во администрацијата

Објавил: Мате Парлоф | 13 март, 2019 9:46

Костадинов пред општина Битола: Ајде Наташа да се бориме против непотизмот!

Фото/Текст извор: ©магазин

Портпаролот на СДСМ, Костадин (Манулач) Костадинов, е неуморен борец против непотизмот. Откако ја вработи, па потоа принципиелно ја отпушти својата родена мајка од Централен регистар, и со тоа покажа морална величина во политиката, секој ден неуморно ги прозива сите владеачки функционери да го следат неговиот пример.

Денес Костадинов е пред општина Битола со повик до градоначалнилката Наташа Петровска, за заедничка борба против непотизмот. Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

Почитувани,

Наташа Петровска втор ден молчи за епидемијата на непотизам во Битола, но јас сум тука да ја потсетам дека ние од СДСМ имаме и образ и одговороност пред граѓаните. Затоа апелирам градоначалничката на Битола да ги повика роднините на советниците Славе Најдовски, Методија Илиевски, Тања Крнчева, Валентин Груевски и Емилија Костурски, кои се вработени во општината да се повлечат од работните места кои ги добиле поради близината со општинските советници. Нас во СДСМ не смее да не зафати вирусот на анти-запатниот непотизам на Мицкоски и опозицијата, па да трупаме и ќоро и сакато на државно. Не, другари. Не сме сите исти! Ние во СДСМ го тераме реформскиот курс, и заедно со нашите коалициони партнери Амди Бајрам, Стојанче Ангелов, Лиле Поповска, Талат Џафери, Љубе Бошковски и Павле Трајанов, се залагаме за про-европски мерит систем при вработување во администрацијата. Ајде Наташа, охрабри се и следи го мојот пример, мајка си вработив, мајка си отпуштив. Ајде советници, време е да почнете со повлекувањето на роднините, во име на борбата против непотизмот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...

Костадин Костадинов Манулач повторно на високо морален начин ги објасни политичките процеси во Собранието, како и резултатите од тестот на Павле Богоевски!

Богоевски поднесе оставка лично, со крената глава и полн нос.., заради алергија на липа!

Најпознатиот борец против непотизмот и корупцијата во регионот, Костадин Костадинов...