Костадинов со скандалозна порака!

Објавил: Владо Марин | 11 март, 2020 6:21

Костадинов: Толку силно ќе го поразиме ВМРО-ДПМНЕ што лавот од логото ќе им избега

Фото/Текст извор: ©Магазин

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов изрази голема благодарност што повторно се најде на пратеничката листа во четвртата изборна единица, која ќе ја предводи партискиот лидер Зоран Заев.

Како човек кој нема ниту еден изборен пораз, на било кои избори, ве уверувам дека заедно со сите вас, со моите струмичани, но и со граѓаните од цела изборна единица 4 ќе го поразиме ДПМНЕ толку силно што лавот од логото ќе им избега.

Бидете спремни за многу работа, многу терен, многу денови и ноќи, но со сигурност за доброто на државата, за доброто на граѓаните. До конечна победа. Можеме подобро, можеме повеќе!, порача Костадинов.

Лидерот Заев ги пред два дена ги качуваше на сцена сите носители во изборните единици .

Имено, во „кецот“ носители на листата се Никола Димитров и Мила Царвоска, во двојката одат техничкиот премиер Оливер Спасовски и Соња Лукаревска.

Третата изборна единица им припадна на партискиот генерален секретар Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска додека четвроката ја предводи самиот Заев заедно со Соња Мираковска.

Петката им отпадна Шекеринска – Митревски додека во шеската ќе трчаат Билал Касами и Фаница Николовска.

За Заев овие личности ќе и ја донесат големата победа на СДСМ на 12 април, додавајќи дека со ваква понуда нема дилема дека тие ќе бидат победници на изборите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...