сабота, 22 јануари 2022

MK/ EN/ DE



Костадинов истакна дека тие порачале дека правна држава и правда мора да има и секој кој се огрешил пред законот мора да одговара.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 септември, 2019 1:06

Костадинов: Фарса е дека ВМРО-ДПМНЕ сака предвремени избори, такво прашање немаше на лидерската средба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во вечерашаното гостување на телевизија Алсат каде беше заедно со портпаролот на ВМРО Димче Арсовски и Артан Груби истакна дека опозициската партија всушност на лидерската средба не го отворила прашањето за предвремени избори.

Дека ВМРО-ДПМНЕ сака предвремени избори е само фарса, затоа што ако беше поинаку ќе беше споменато и на лидерската која се одржа, а такво прашање воопшто немаше, рече портаролот на СДСМ рече Костадин Костадинов .


Костадинов истакна дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ сака предвремени избори е само фарса

Костадинов истакна дека тие порачале дека правна држава и правда мора да има и секој кој се огрешил пред законот мора да одговара.

-Сето тоа направи паника во ВМРО –ДПМНЕ кои прават последен обид да ги спасат криминалите и криминалците , а кои што за владејачката партија значат црвени линии кои нема шанси да се поминат. Сепак оставаме простор согласно демократските принципи на РСМ , ВМРО-ДПМНЕ да се огради од криминалите и криминалците и заеднички да го донесеме законот за ЈО, рече Костадинов.

Во текот на емисијата портпаролот на ВМРО, Димче Арсовски истакна дека ја фрла ракавицита и ја предизвика власта на предвремени избори.

-Еве во оваа емисија ја фрлам ракавицита двајца претставници од парламентарното мнозинство се тука нека закажат седница нека изгласаат предвремени парламентарни избори уште денес или утре. На нив оставам, имаат влијание и двајцата во своите парламентарни групи нека изгласаат. Еве чекаме. Да видат дека сме искрени во намерите. Сулудо е да говориме за рејтинзи дека биле во корист на СДСМ, јасно е рејтингот на СДСМ одамна е стопен, одамна е јасно дека ја изгубија поддршката кај граѓаните и доколку се сигурни во својот рејтинг после сите криминални случаи, нека повелат уште денес, уште утре нека изгласаат предвремени парламентарни избори, рече Арсовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка...

Се бара и еден помлад асистент за данок на добивка, со истите квалификации како и претходникот, со или без работно искуство во струката, и истата плата од нешто повеќе од 30 илјади денари. Тој треба да биде Албанец.

УЈП распишала оглас и за еден виш даночен референт за даночно сметководство, кој треба да има најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно - економско, трговско или дактилографско и најмалку две години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 22.739 денари, и тој треба да биде Албанец.

Се бара и еден асистент за анализа на ризик и планирање на контроли, со Економски или Правен факултет, со најмалку една година искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33.322 денари, а согласно годишниот план на УЈП тој треба да биде Турчин според етничката припадност.

УЈП ќе прима и помлад систем администратор, со високо образование од областа на електротехниката, компјутерската техника и информатика, или информатка, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде околу 30 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Албанец.

Во Управата ќе се прима и еден помлад даночен оператор во повикувачки центар, со најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, стопанско или трговско, со или без работно искуство во струката. Ќе зема плата од нецели 20 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Ром.

Потоа, во огласот се бараат тројца помлади асистенти за услуги во приемна канцеларија, со високо образование од областа на јавната управа и администрација, или правни науки или политички науки, со или без работно искуство во струката. Платата на сите овие тројца нови кадри ќе биде нешто над 30 илјади денари, а согласно годишниот план треба да бидат Албанци.

УЈП вработува и еден самостоен даночен агент за услуги во приемна канцеларија, сонајмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, техничко или трговско, со најмалку три години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 29.179 денари, а според етничката припадност треба да биде Србин.

Македонија мајка за Албанците а маќеа за Македонците

Македонските граѓани во својата сопствена држава постанаа граѓани од втор ред! Пред...

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од Ковид-19...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.