По повод изборот на д-р Вело Марковски во Ивршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, со коментар на социјалните мрежи се огласи актуелниот пратеник и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов!
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ почитувани граѓани се освежи единствено со нови членови со богато криминално минато.
Би се задржал на новиот компањон на Мицкоски а тоа е господин Вело Марковски кој опозицијата милува да го нарече, здравствен експерт.
Мене, а верувам и повеќето граѓани ме интересира овој стручњак да каже кога во последните 8-10 години влегол во амбуланта или барем фатил слушалки?
Ме интересира и мене и јавноста зошто здравствениот експерт е избркан од работа пред 10 години од клиника?
Да се разбереме здравствен експерт не се станува само со добро направена компилација на вести, која за волја на вистината се неточни.
( Ги слушнавме ставовите на Вело Марковски во однос на Ковид19 вирусот)
Исто така не помалку важно е да го слушнеме ставот на Вело Марковски и неговиот сега веќе лидер Мицкоски во однос на договорот со Бугарија.
Да потенцирам здравствениот експерт пред некои петнаесетина години има докторирано на пловдивскиот универзитет, со труд напишан на не повеќе од 20 страници.
На крај, искрено би го повикал секој член на ВМРО-ДПМНЕ да се произнесе, а особено патриотскиот институт кој е пресно формиран, кога знае дека против нивни член на високото раководство има обвинение за тргување со археолошки предмети!
Партија која навидум се бори за зачувување на историското, на културното наследство избира член на највисокото раководство кој се сомничи за тргување на наследството!
Смешно и тажно ама веројатно вистинито по информациите кои јас ги имам.
Се потврди сето она што ние како партија го зборуваме, дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, напротив останува истата криминална матрица, диктирана и водена од Никола Груевски.
пс. Во некоја следна прилика, откако ќе се произнесат и Мицкоски и Марковски и патриотскиот институт, ќе зборуваме за видот и типот на предметите, за државата во која сакал здравствениот стручњак да ги продава и слично, вели Костадинов!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.