Но и покрај ваквата изјава денеска од позицијата на директор на Јавното претпријатие „Дрисла“беше назначен Коста Начевски откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Ангелов. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јануари, 2020 18:34

Коста Начевски е назначен за директор на „Дрисла“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според информациите со кои располагаме опасен отпад во земјава и во „Дрисла“ не е внесен, изјави на вчерашната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Депонијата Дрисла е изградена и отворена од Градот Скопје во 1994 година. Лоцирана е во југоисточниот дел од градот Скопје на оддалеченост од 14 км од центарот на градот. Се простира на површина од 76 ха, со проектен капацитет од 26.000.000 м3 депониран комунален отпад. Во проектната документација се планира дека истата ќе биде наполнета за околу 30 години, но во досегашната експлоатација од 16 години, истата е исполнета до 33 % од вкупниот капацитет, што укажува на фактот дека следните 30 години има начин на депонирање, без претходна селекција и искористување на отпадот кој може да служи како секундарна суровина (хартија, метал, стакло, пластика).

Но и покрај ваквата изјава денеска од позицијата на директор на Јавното претпријатие „Дрисла“беше назначен Коста Начевски откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Ангелов. 

По изјавата на градоначалниот на Скопје,Петре Шилеговдека ги доставил  документите до Централен регистер за разрешување на Ангелов, денеска и официјално, Централниот регистар  го впиша како вршител на должноста директор на Јавното претпријатие Дрисла, Коста Начевски.

– Со ова решение од Централен регистар денеска и официјално завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ со која овој моќен градски капацитет беше даден на користење на несоодветни т.н. партнери на градот. Во периодот што следува, за исправноста на работењето на депонијата „Дрисла“ ќе одговара Град Скопје и јас лично како ваш градоначалник, рече вчера Шилегови додаде декаградот Скопје не е орган кој на каков било начин е поврзан со увоз на отпад. И прашањето е за Царинската управа.

Она што јас го имам како информација е дека легално не е внесен отпад во „Дрисла“, рече Шилегов на прес-конференцијата на која соопшти дека со депонијата „Дрисла“ повторно ќе управува Градот Скопје, рече вчера Шилегов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

КОД, по своето детално истражување на добитниците кои се објавуваат секој ден, го поставува прашањето: Дупла среќа или софтверска грешка?

ЧУДНИ НАГРАДИ “МОЈ ДДВ”: Дури девет двојни добитници- Дупла среќа или софтверска грешка?

Во вчерашното издание на емисијата КОД, беше направена анализа за наградната игра...

Освен со Заев и Спасовски, тој може да се забележи и со претседателот Пендаровски, со неговиот портарол Миле Бошњаковски но и со Мухамед Зекири.

Ноќеска полицијата уапси познат криминалец близок до СДСМ

Полициските сили на СВР Скопје вечерва го уапсиле Нафи Абдиоски, познат криминалец...

Потпишани се законите за јавното обвинителство како и изменувањето и дополнувањето на Законот за Советот на јавните обвинители, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски уште на скали го потпишал законот за ЈО!

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на...

Ова е денот за кој се обврзав пред моите соработници, пред партијата кон која три години тие истите водат прогон. Пред народот кон кој сакаат да го избришат.

МИЦКОСКИ: Ова се три години на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево на прес-конференција изјави дека...