Петров вечерва преку својот Фејсбук профил порача дека одлучил да влезе во политика за да се обиде да направи нешто подобро, а не само да стои настрана и да коментира.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 август, 2019 21:46

Коста Петров нов потпретседател на СДСМ: “Досега немам искуство во политиката”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Авторот и ПР експерт, Коста Петров вечерва е избран за еден од потпретседателите на актуелната влада, СДСМ.

Заев најави дека Нина Ангеловска ќе биде номинирана за нова министерка за финансии, додека Елизабета Наумовска ќе биде номинирана за заменик министер за образование.

Актуелниот заменик министер за економија Кире Наумов ќе ја предводи Банката за развој, а Кире Колемишевски ќе биде новиот заменик министер за економија. Шефот на извршната власт, Заев, меѓу другите, информираше дека Неџат Мехмедовиќ ќе биде заменик министер за политички систем.

Коста Петров се огласи на социјалните мрежи и напиша дека оваа држава мора да застане на цврсти нозе, оваа држава е пример за мултиетничко општество, пример за вредни и искрени луѓе, пример за тоа како и во најтешките моменти наоѓаме некоја искра на надеж. 

Некои одлуки во животот се носат брзо, за некои пак ни треба долго време да донесеме некаков став. Одлуката да прифатам да бидам дел од СДСМ како нејзин потпретседател ја донесов со намера да помогнам онаму каде мислам дека можам да придонесам со моето знаење и капацитет. За оние што долго време ме познаваат и со кои сум пријател знаат дека досега сум настрана од сите политички случувања.
Но, не можеме да бидеме исклучени од тоа што се случува околу нас, едноставно мора да реагираме. Живееме во оваа држава, ја сакаме и мораме некако да ја направиме подобро место за живеење. Наместо да коментирам и да не преземам ништо се одлучив на активен пристап за да помогнам и за придонесам за подобра иднина.

Таа иднина ја заслужува моето семејство, моите пријатели, сите ние. Тешка е одлуката да се приклучам во политиката, но тоа што досега немам искуство во политиката го сметам за свој адут, бидејќи точно ја знам мојата цел без никакви политички калкулации.
Оваа држава мора да застане на цврсти нозе, оваа држава е пример за мултиетничко општество, пример за вредни и искрени луѓе, пример за тоа како и во најтешките моменти наоѓаме некоја искра на надеж.

Како што самиот Петре М. Андреевски кажа ние сме како пиреј, како народ што не може да се уништи, ние сме народ што опстојал и ќе опстојува и ќе напредува.
Верувам дека со мојот ангажман ќе придонесам младите да останат во државава, дека со мојот пример за млад претприемач и моите контакти и искуство ќе помогнам на многу млади луѓе. Верувам дека мојот глас ќе биде гласот на тие млади луѓе кои ќе останат во државата и ќе направат промени, бидејќи нашата генерација допрва доаѓа. Се надевам на поддршка и тука сум во секое време за критики, сугестии и секако свесен сум за тежината на оваа функција и знам дека нема да ве разочарам, вели тој на неговиот фејсбук-статус.

Коста Петров е сопственик на агенцијата „Пи ворлд“ која организира настани во голем број на држави, конференции, а е автор на неколку книги кои се бестселери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари.

СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ ЗАБРЧАНЕЦ СЕ ПОФАЛИ НА ФБ: -Парите кај граѓаните – исполнето!

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови...