Сакам на ќерка ми и на сите млади да им ја дадеме шансата да си ги исполнат соништата, тука во Македонија. Знам и верувам дека можеме! Ова е моја и наша должност!

Објавил: Сара Фемина | 20 октомври, 2019 23:02

КОСТА ПЕТРОВ: Се гледаме на врвот на 12 април – ХРАБРО НАПРЕД!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров се огласи на социјалните мрежи со статус во кој вели дека на сите млади СДСМ ќе им дадат шанса да си ги исполнат своите соништа во Македонија.

Дедо ми триесет години живееше во странство за да обезбеди подобар живот за својата фамилија.
Татко ми седум години беше во странство за да обезбеди подобар живот за мене и сестра ми.
Сестра ми веќе 15 години не живее во Македонија.
Јас 11 години се борев низ светот пред да се вратам дома во 2010.
Сакам на ќерка ми и на сите млади да им ја дадеме шансата да си ги исполнат соништата, тука во Македонија. Знам и верувам дека можеме! Ова е моја и наша должност!

Храбро напред! Се гледаме на врвот на 12 април, напиша потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

По завршувањето на лидерската средба во претседателската вила на Водно, премиерот Зоран Заев изјави дека политичките лидери се договориле за одржување на предвремени избори на 12 април додека формирањето на техничка влада ,според Пржинскиот договор, ќе биде на 3 јануари.

„Нашиот предлог беше 22 или 23 декември, за брзо време кога не се случува ништо драматично. Имаше реакции од присутните, особено од опозицијата. Потоа ги разгледувавме другите опции и утврдивме дека пред велигденксите празници, 12 април е датумот кој најмногу одговара. Постигнавме консензус. Нека ни е со среќа на сите“, рече премиерот Заев.

„Да се ратификува протоколот за членство во НАТО од страна на сите земји членки во НАТО, по што и нашето Собрание ќе го ратификува протоколот и законот за членство во НАТО, па изборите би се одржале на 12 април 2020 година, “ изјави Али Ахмети, лидерот на ДУИ по завршувањето на лидерската.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Денеска во Росоман со претставници на бизнис секторот и со вработените во повеќе фирми разговаравме за справувањето со последиците од економската криза предизвикана од коронавирусот!

Филипче му измери температура на Заев: Имам температура 36,5

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче денеска беа во...

На фотографијата се гледа дека Мисајловски и останатите на средбата не ги почитуваат мерките за физичко дистанцирање, ниту пак носат заштитни маски.

(Фото) Мисајловски и Тони Михајловски без маски во кафуле во Куманово

Носителот на листа во ИЕ 2 на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски, со кандидатот за пратеник...

Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород и те гледаат на начин на кој стануваш ПОЧОВЕК!!
Да да борбата тука е за воздух!
Умирањето тука не е процес!

Доктор од Инфективна: Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород!

Гоце Марков е медицинско лице од внатрешноста на Македонија, а на својот Фејсбук профил...

ќе остане запишано дека на 15 јули НАРОДОТ што тагува кога ВЛАСТОДРЖЦИТЕ слават се побунил и го урнал режимот на Заев Први Преспански, додава Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова: Македонска Преспанска трагедија

Професорката Гордана Силјановска Давкова по повод две годишнината од Договорот од...