Костовски, во емисијата посочи дека се е политичка игра на Власта, и истакна дека според негови сознанија Македонска Пошта ќе се приватизира, и со неа како пто вели сега ќе владее СДСМ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 септември, 2020 10:27

Костовски: Се е политичка игра на СДСМ за да се приватизира Македонска пошта!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото инфомакс

Во вчерашното гостување во емисијата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа, бизнисменот и сопственик на Еуростандард банка Трифун Костовски, вели дека стечајот на банката е политички, и е убеден дека подолг временски период е кроан план за затворање на банката.

Убеден сум дека тоа е план кроен многу одамна, и сега дојде време на финализација. Само наивен човек може да верува дека Македонски пошти како потенцијал се за верување. Имаат 330 експозитури, тоа се најмногу експозитури во Република Македонија и сега видете што се случува, со еден удар се убиваат две муви. Македонски пошти се ставени на колена, ќе има отпуштања на вработени, вели Костовски.

Трифун Костовски (27 декември 1946, Скопје) — познат македонски стопанственик, донатор и поранешен градоначалник на Град Скопје (2005-2009). Женет е и има три деца.

Костовски, во емисијата посочи дека се е политичка игра на Власта, и истакна дека според негови сознанија Македонска Пошта ќе се приватизира, и со неа како пто вели сега ќе владее СДСМ.

Веќе има и најава, размена на територии условно кажано. Ако ДУИ до сега ја владееше македонска пошта, сега ќе биде СДСМ. Видете вака тоа само на мало дете може да му изгледа наивно. Ни најмалку не е наивно, со еден удар две муви убија, Банката ја уништија, македонски пошти ќе ги симнат на колена, ќе има отпуштања, ќе ја купи некој за евтини пари.

Костовски, додаде дека банката има доволно капитал да ги подмири сите оштети, но само доколку стечајот заврши во максимално брз временски период.

Банката има доволно и капитал во готовина и хипотеки и некретнини кои што ќе ги подмират сите оштетени на банката. Ама тоа мора да биде под услов доколку целиот стечај се заврши максимално брзо, посочи тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип.

Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот за здравство Венко Филипче дека потфрлил, откако вчерашните...

Тие велат дека со години градот не им ги дава тешко заработените пари и дека веќе немаат друг избор освен, повторно да се обидат преку суд да го добијат тоа што им следува.

Пожарникарите на протест за плата – „Не ги држиме со сила на работа“, вели Шилегов

Скопските пожарникари иако пред осумнаесет месеци добиле судска пресуда со која им...

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за половина денар.

Ова се новите цени на нафтата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука за намалување...