Обвинителство

Објавил: Калина Мартинска | 3 февруари, 2025 15:09

Коцевски за случајот со Фросина: Васил ќе се гони за кривично дело со умисла

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Јавното обвинителство ќе го гони Васил Јованов дека сообраќаќата во која смртно ја прегази Фросина Кулакова ја направил со умисла, порача попладнево на прес конференција државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Иако истрагата не е завршена, Коцевски вели дека немаат дилеми дека ќе бараат најстрога казна бидејќи тој возел пијан и без возачка, а Фросина ја прегазил поминувајќи на црвено светло со многу поголема брзина од дозволената.

Неизвесно е дали освен Васил Јованов, би можел да одговора и неговиот татко Зоран Јованов, како што бараат родителите на Фросина, бидејќи му овозможил да управуава автомобил иако немал возачка. Правниците се скепетични.

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ објаснува дека со евентуална санкција поради запуштање на малолетник, таткото би се соочил доколку се покрене постапка за претходните дела на Јованов кога тој бил малолетен, ако во меѓувреме не се застарени.

-За жал во мигот тој е полнолетен, но родителот не може да одговара, но факт е дека во времето кога ги сторил тие кривични дела кога бил малолетник голем пропуст на Обвинителството е што не покренале кривична постапка против родителите за запуштање на малолетник. Можно е да се покрене постапка за запуштање на малолетник, ако кривичното дело не е застарено. Ние имавме во пракса пред извесен период такво слично кривично дело каде што сторителот доби 4 ипол години ефективна казна затвор.Ѕвонко Давидовиќ – адвокат.

Она што дополнително предизвика бура реакции во јавноста, беше тоа што притвотениот Васил Јованов успеал да се снабди со мобилен телефон во затворот. Телефонот до Јованов стигнал од друго притворено лице, чии брат за услугата добил сума од 250 евра. затворскиот полицаец е суспендиран, а за нелегалниот синџир преку службена белешка е известено и обвинителството за организиран криминал и корупција.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести