Ексградоначалникот на Скопје Коце Трајановски доби кривична пријава од Министерството за внатрешни работи бидејќи во 2014 години го поставил Александар Атанасов за директор на ЈП „Водовод и канализација“ а немал диплома за завршен факултет.
Јавноста го поставува прашањето, дали претседателот на Владата или потпретседателите кои ги потпишале овие незаконски именувања според Социетас Циувилис, ќе добијат кривични пријави по истиот основ како што доби и поранешниот градоначаник на Скопје Коце Трајановски ?
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава и против тројца други лица вработени во Град Скопје односно Н.И.(65), В.Ѓ.(53) и Б.Т.(67), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.
„Првопријавениот К.Т., како градоначалник на град Скопје, во текот на декември 2014 донел Одлука за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Водовод и канализација“, врз основа на што бил објавен Јавен конкурс и била спроведена постапка за избор на директор на претпријатието. За спроведување на постапката биле назначени Н.И. – раководител на секторот за општи работи во Град Скопје, претседател на комисијата за спроведување на постапката за избор на директор во ЈП „Водовод и Канализација“, а В.Ѓ. – раководител на одделение за управување со човечки ресурси во Град Скопје и Б.Т. – раководител на сектор за правни работи во Град Скопје, во својство на членови на комисијата“, се вели во соопштението на МВР.
Како што информираат од МВР претседателот и членовите на комисијата не извршиле проверка на комплетноста и валидноста на доставената документација од кандидатите за распишаниот јавен конкурс за избор на. Од 11 пријавени кандидати за директор бил избран кандидатот А.А., кој имал некомплетни документи, односно дипломата за завршен факултет во државата Њујорк во САД не му била нострифицирана. Ваквата одлука тие ја доставиле до К.Т., кој исто така, не извршил проверка и донел Одлука за избор на А.А. за директор на ЈП „Водовод и канализација“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.