Продолжува сагата со стечајните работници од Еурокомпозит

Објавил: Узунов Бобан | 19 април, 2019 9:17

Кочо Анѓушев се изживува со судбината на вработените во Еурокомпозит

Фото/Текст извор: ©магазин

Вработените во Еурокомпозит остануваат пред Владата се додека не се решат проблемите на комбинатот. Тие вчера се обидоа да ја блокираат Илинденска се со цел да извршат притисок и да се сретната со вицепремиерот Кочо Анѓушев. Но, од страна на владата им било посочено дека поради малиот број нема да можат да го сторат тоа. 

Седиштето на компанијата 11Октомври-Еурокомпозит се наоѓа во градот Прилеп. Во 1978 година, како компанија под името Енергоинвест-11 Октомври беше најавена како една компанија од големо значење за националната одбрана на земјата со основна дејност производство на производи за специјална намена, како што е воена и полициска опрема и дополнителна дејност производство на термо реактивни прес маси. Денеска главно производство е воена и полициска опрема како што се балистички шлемови, елеци и штитови како и ракетни лансери.

Еве побравме барем две минути да не прими господинот вицепремиер се изживува, се изживува со нас. Сега се тргнати по митинзи а митинзите нели после 17 часот, до 16 часот се на работа. Ние не отстапуваме одовде не си одиме ако треба двајца ќе останеме нека не гледа остануваме овдека, вели еден од вработените во Еврокомпозит.

Од страна на кабинетот на Анѓушев велат дека кога тој ќе бил на работното место во Владата вработените ќе бидат повикани на средба со него.

Работниците и вчера протестираа пред владата по што беа примени на состанок но тој не вроди со плод и биле замолени до понеделник , оттаму само биле замолени до понеделник да почекаат за решение.

Работниците од Еурокомпозит веќе подолго ги бараат заостанатите 18 плати, неисплатените придонеси за речиси 7 години, како и ветената отпремнина бидејќи дел од нив доброволно прифатија да се прогласат за технолошки вишок.

Само вработените во комбинатот имаат побарувања од околу 5 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...

Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање,стои во соопштението на ВМРО.

“Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и Заев се најголеми криминалци”

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт.Не е напредок на држава да...

Иако во поголемиот дел од државите во регионот зелениот картон чини околу 10 евра, кај нас чини 60 евра за цела година, а пола од тоа односно 30 евра плаќаат оние кои вадат зелен картон за еден месец, што се сведува на тоа дека македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот. 

Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот

Летниот одмор не чини цело богатство. Освен што секое семејство плаќа за сместувањето,...